05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

25.10.2017

Komentar

V

о врска со ставовите на поранешната Грчка Министерка за надворешни работи и актуелна

пратеничка на Нова Демократија, Дора Бакојани, која на Безбедносниот Форум во Белград,

потенцираше дека само сложено име за севкупна употреба го отвора патот на

Македонија кон ЕУ и НАТО Алијансата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија

Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Актуелната Влада на Република Македонија во серија добива директни, јасни и дипломатскосурови

пораки од Грчката Влада, но и од опозицијата. Откако, Никос Коsиас после средбата со Метју Нимиц даде јасно до

знаење дека и Македонскиот идентитет е дел од преговорите, после Јоргос Кумуцакос и Јоргос Папандреу, се надоврза

и Дора Бакојани, непосредниот извршител на срамното вето на Самитот во Букурешт во 2008.

Едноставно, актуелната пратеничка на опозициската Нова Демократија, партијата која во моментот ужива најголем

рејтинг во Грција, уште еднаш ја дефинираше рамката за евентуално решение на спорот - или сложено име “ерга омнес”,

или нема ЕУ и НАТО.

Уште една потврда дека Грчката страна нема намера да ги менува своите иредентистички позиции по Македонското

прашање. За нив не важи ни пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, ниту било кои други норми на меѓународното

право. Атина го познава само јазикот на уцени и закани без волја да отстапи ниту милиметар од своите националистички

позиции, својствени за средниот век.

Од ставовите на Дора Бакојани може да заклучиме дека демонстрираната сервилност и конструктивност од Владата

на Зоран Заев и Никола Димитров, кои освен мерките за градење доверба, отидоа и чекор понапред со изразување

подготвеност за преименување на аеродромот, дислоцирање споменици, негирање на античките корени, ревизија на

Македонските учебници по историја, е бадијала. Креирањето на високи очекувања за отпочнување на пристапните

преговори со Европската Унија и брз влез во НАТО Алијансата под привремената референца има ограничен ефект и

допира само до дел од внатрешната јавност. На сите ни е јасно дека и евентуално да ги отвориме поглавјата за преговори,

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА СТАВОВИТЕ

НА ДОРА БАКОЈАНИ

на крај за полноправно членство во ЕУ и НАТО Алијансата ќе мора да ги исполниме уцените на нашиот јужен сосед.

Македонската Алијанса уште еднаш ја повикува Владата на Република Македонија да не превзема обврски

кои не може да ги исполни. Нема потреба да се стимулираат нови предлози за решавање на спорот кој Грција

го има со нашето Уставно име. Рамката е поставена одамна. Колку пати отстапивме во минатото, сменивме

знаме, Устав, прифативме срамна референца за да влеземе ООН, потпишавме Времена Спогодба, но и тоа не е

доволно за да го оствариме тоа што и следува природно на секоја друга земја, да бидеме свои на своето. Ниту

една политичка партија во Татковината нема мандат да тргува со Уставното име и идентитетот. Единствен

господар на светото Македонско име и идентитет е Македонскиот народ, кој никогаш нема да согласи ниту да

прости било каков обид за велепредавство!

Бараме од сите политички партии да се приклучат на барањето на Македонската Алијанса да се прекинат

преговорите за името. Сега е моментот да се повлече овој радикален чекор како одговор на замката која

веќе подолг период му се подготвува на Македонскиот народ. Секој понатамошен чекор во спротивна насока

сигурно не носи во бездна.

Македонската Алијанса упатува уште еден апел до најодговорните политички сили во моментот, да се

обидеме да најдеме заеднички јазик за највисоките национални интереси. Сега ни е потребна Национална

Декларација со која на целата меѓународна јавност конечно ќе и соопштиме дека имаме единствен став дека

ниту еден политичар, ниту една партија во Македонија, никогаш нема да се согласи да преговара за промена на

Уставното име и откажување од најсветото, Македонскиот национален идентитет.

366

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!