05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

04.03.2017

Komentar

V

о

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

НОВАТА ПРОВОКАЦИЈА НА

ПРОКОПИС ПАВЛОПУЛОС

врска со најновата провокација која доаѓа од Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, кој

при церемонија за негово прогласување за почесен граѓанин на Сер, уште еднаш го повтори ставот

дека Македонија е Грчка и се додека шири иредентизам нема да има Европска перспектива,

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Многу е тажно и лицемерно кога било кој Грчки политичар ја обвинува Македонија за иредентизам.

Особено што Грција е осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг, токму затоа што со својата

ирационална политика ги блокира Македонските Евроатлански интеграции.

Научно докажан историски признат факт е дека Македонија постоела со сите обележја на Држава многу векови наназад и

тоа Павлопулос и сличните нему многу добро го знаат, но се плашат да го признаат! Грчките иреденти, националисти и радикали

треба да одговорат на едно многу едноставно и логично прашање, ако Македонија навистина била Грчка, зошто нивната

асимилаторска власт после 1913 имала потреба да ги смени сите топоними во присвоената Егејска Македонија?

Павлопулос упорно и со умисла упатува провокации кон Македонскиот народ. Во изминатиот период испраќаше отровни

стрели од Воден, Солун, Костур, а сега и од Сер, кои сведочат за историски огромната неправда која на Македонија и е нанесена

со Букурешкиот договор. Она што загрижува е што Европската Унија предолго и без основ ја толерира хистеријата на Грчките

политички елити за Македонското прашање. Иредентизмот, непризнавањето на историската вистина, како и непочитувањето

на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, Европскиот Парламент треба да го отфрли како недостојна за една земја членка на

ЕУ и НАТО.

За жал, додека ние дома си ги вадиме очите затоа што најодговорните Македонски политичари не можат да се усогласат и

да изградат консензус за стратешките национални прашања, нашите соседи не чекаат и секојдневно преку грбот на Македонија

подмолно работат на остварување на нивните големо национални идеи од минатиот век. Ниту континуираните провокации на

Павлопулос, Каменос, Коsиас, Левентис, ниту крајно скандалозната Сеалбанска Платформа од Тирана, ниту срамната Резолуција

на Европскиот Парламент иницирана од Бугарските Европратеници, Ковачев и Џамбаски, не делуваат отрезнувачки за

најважните Македонски политички фактори.

Македонската Алијанса уште еднаш го реафирмира повикот за национално Македонско помирување заради заштита на

интересите на Македонскиот народ. Крајно време е лидерите на Македонските политички партии да преземат конкретни

дејствија каде без калкулации ќе се стават во одбрана на суверенитетот и националниот идентитет на Македонија и заеднички

да се усогласат и конечно на соопштат:

Ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања на Македонија свесно

инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со чувствата на Македонскиот народ и со тоа да

покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на Република Македонија.

На домашната, но и на целата меѓународна јавност да и се каже дека без разлика на сложените внатрешни политички

односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара

или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет.

Да ги отфрлиме сите понижувачки и радикални елементи од таканаречената Сеалбанска Платформа бидејќи го загрозуваат

унитарниот карактер на Македонија, во спротивност се со Охридскиот Рамковен Договор и ги поништуваат досегашните

придобивки од него. Да побараме од Албанските политички партии од Македонија да се повлечат од Платформата и да покажат

дека средбата во Тирана не била смислено сценарио и провокација за нарушување на меѓуетничките односи.

Да побараме од Европскиот Парламент да ја повлече скандалозната Резолуција со која неосновано и лажно констатира

постоење на Бугарско малцинство во Преспа, Гора, Голо Брод во Албанија, во региони каде доминантно живеат Македонци,

бидејќи тоа е исто како да се тврди дека на Марс живеат Бугари.

Единствениот став на Македонските политички партии за стратешките интереси на Македонскиот народ и Држава е

неопходен во овие чувствителни моменти. Само на таков начин ќе се создадат предуслови за конечното остварување на

вековниот сон за обединета, силна и економски просперитетна Татковина!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

262

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!