05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

15.12.2015

Komentar

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО

ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА СРЕДБА

ПОПОСКИ-КОSИАС ВО АТИНА

V

о врска со претстојната официјална посета на Македонскиот шеф на дипломатија,

Никола Попоски, на Атина, каде ќе се сретне со својот Грчки колега Никос Коsиас,

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува

следното:

Македонската Алијанса ја поздравува претстојната, најавена официјална посета на

министерот за надворешни работи Никола Попоски на Атина. Сметаме дека е добро што

Македонската Вла да промовира активен пристап за отворање на сите прашања кои ги дефинираат односите со

официјална Атина. Во таа насока го оценуваме и интервјуто на Македонскиот шеф на дипломатијата Попоски за

Грчки Катимерини.

Сепак, сакаме да потсетиме дека оваа посета ќе се случи после серијата на скандалозни провокации кои доаѓаа

од нашиот јужен сосед, каде главна улога имаа политичари од самиот врв на Грција.

Претстојната официјална посета на Атина е добра можност за министерот Попоски да побара одговор од Коsиас

на дилемата – што е официјална надворешна политика на Грчката Влада кон Македонија? Дали предлогот за

таканаречените мерки за градење доверба или серијата скандалозните провокации на Грчкиот Претседател

Прокопис Павлопулос, на министерот за одбрана Панос Каменос? Дури и самиот Никос Коsиас пред две недели во

Техеран, ги обвини Македонските политичари за иредентизам.

Македонскиот народ бара одговор на ова прашање!

Ние како Држава мора јасно да ставиме до знаење дека нема да останеме неми на ваквите испади и провокации

кои наместо да ги унапредуваат, ги уназадуваат односите меѓу двете соседни земји.

Евидентно е дека дополнителниот притисок на нашите меѓународни сојузници врз официјална Атина за да

покаже флексибилност кон ирационалниот спор кој го наметна на Македонија, создава голема нервоза кај

одредени Грчки фактори. Сепак, непотребната хистерија која ги има зафатено дел од владејачките структури на

официјална Атина кои континуирано со своите изјави се обидуваат да го вратат на сцена нивниот средновековен

иредентизам и национализам, нема да не доведе до релаксирање на односите. Татковината веќе подолг период е

жртва на Грчките политики на блокади, уцени со кои се попречуваат Евроатланските интеграции на Република

Македонија, и сега најмалку ни е потребно затегнување на односите.

Што се однесува до повторното актуелизирање на некаков тајминг за решавање на повеќе деценискиот, ирационален

и од Грција наметнат спор, Македонската Алијанса смета дека е неопходно токму сега при официјалната

посета на Атина да се испратат јасни и директни пораки до сите радикални политички структури кај нашиот ју жен

сосед. Земајќи предвид дека Татковината веќе подолго време се соочува со политичка криза, за која станува се

поизвесно дека некој ќе се обиде да ја злоупотреби, од особена важност е Македонскиот шеф на дипломатијата

Никола Попоски да стави јасно до знаење дека не постои никаква можност, заради некакви внатрешни слабости и

проблеми да бидеме принудени да направиме дополнителни отстапки кои би го загрозиле Македонското вековно

име и идентитет.

Крајно време е официјална Атина да разбере дека ние како Држава и народ

имаме исти права како и сите останати. Наше универзално демократско право

на самоопределување е бидеме Македонија и Македонски народ.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

112

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!