05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

10.12.2017

Komentar

V

о

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ

НА АЛЕКСИС ЦИПРАС

врска со ставот на Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, кој во рамки на вториот

состанок на четворката Србија, Бугарија, Романија и Грција во Белград, соопшти

дека е можно позитивно решение на спорот доколку Владата во Скопје се откаже

од реториката дека сме единствени потомци на Александар Македонски, запре

со иредентизмот и прифати решение за името взаемно прифатливо за соседите,

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува

следната реакција:

Двојниот морал на претставниците на официјална Атина станува неподнослив и ги надминува

границите на политичка пристојност. Грчкиот Премиер од Белград со поинаков пристап само го повтори

истото што го слушаме од Павлопулос и останатите радикали и националисти од нашиот јужен сосед.

Слободниот превод од ваквиот став на Ципрас е - ако ги прифатите нашите уцени, може ќе ви дозволиме

да направите чекор напред кон ЕУ и НАТО. На почетокот на февруари оваа година, Алексис Ципрас,

при тогашната официјална посета на Србија, не нападна со тврдењето дека Грција покажала трпение

за решавање на спорот за името, а за возврат од Македонија добила непријателство и национализам.

Македонската Алијанса и тогаш и сега останува на своето тврдење дека нема разлика меѓу ставовите

на Павлопулос, Каменос, Ципрас, Коsијас и Кумуцакос, бидејќи сите клучни играчи во позицијата и

опозицијата имаат ист негаторски, понижувачки и провокативен став за Македонското прашање.

Што е иредентизам според сфаќањата на Алексис Ципрас? Да си го браниш Уставното име и

Македонскиот идентитет и да се спротиставуваш на тврдењата на Грчките иреденти дека Македонија

е Грчка? Што е според него Грчкото вето за прием на Македонија во НАТО во Букурешт во 2008 и

игнорирањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг?

Што глуми Ципрас? Кога во Македонија некој побарал ексклузивност во античките корени? Нашето

тврдење секогаш било дека периодот на Античка Македонија е придобивка за светската цивилизација.

Како што никогаш не сме имале проблем што Грција го користи називот Македонија за област во рамки

на нивните граници. И конечно зошто Грција не направи отстапки од своите ирационални црвени линии,

зошто не ја почитува Времената спогодба и дозволи Македонија да биде примена во НАТО Алијансата

под привремената референца ПЈРМ? До кога Македонија треба да попушта и да ги прифаќа ултиматумите

на официјална Атина?

Актуелната Влада во Татковината треба да ги чита сигналите. Бадијала промовира сервилна

надворешна политика. Може да се понижуваме до бескрај, да преименуваме аеродроми, автопатишта, да

отстрануваме споменици, тоа на крај нема да ја смени суровата реалност дека без променето Уставно име

и идентитет, Македонија нема да ги оствари Евроатланските интеграции.

Македонските политички партии мора да сфатат дека не се поголеми од Македонија! Сега е моментот

да се настапи храбро и со дипломатски шок да се прекинат преговорите како превенција од тоа што

неминовно следи – со огромен притисок да се направи сериозен обид со присилување и принудување на

моментално најодговорните политички фактори во Македонија да се само уништиме како нација! Нема и

не може да се прави компромис на штета на стратешките интереси на Македонскиот народ! Секој обид за

велепредавство ќе биде пресретнат и казнет!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

388

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!