05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 24.06.2016

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНЕЧНА

РАЗРЕШНИЦА НА

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

V

о врска со дополнителната неизвесност за можноста преку вистински политички дијалог

да се изнајде конечно решение на долготрајната политичка криза во Татковината, Претседателот

на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, упатува уште еден јавен

повик:

Нашата Татковина е соочена со предизвик да се справи со можеби најдлабоката политичка

криза во својата понова историја. Македонското национално ткиво се дели во зависност од

своето идеолошко убедување, политичкиот раздор е се подлабок, економската неизвесност создава немир и паника

кај Македонските граѓани. Политичката агонија предолго трае, а најодговорните политички лидери како да не се

свесни за можните негативни последици за иднината на Татковината. Инволвираните политички страни, чии лидери

се потписници на договорот од Пржино, не покажуваат добра волја за прифаќање на препораките и апелите на

нашите меѓународни сојузници. Однадвор се добива чувство дека најодговорните политичари, наместо да водат

грижа за иднината на Татковината, се занимаваат исклучиво со своите лични и тесно партиски интереси.

Земајќи предвид дека политичката криза внесе зла крв меѓу народот, се се организираат улични протести,

вандализам, агонијата континуирано го нагризува кредибилитетот на Државните институции, дијалогот меѓу партиите

нема забележителен напредок што дополнително ја влошува состојбата, потребни се конкретни и вистински чекори.

Прво, најодговорните политички партии треба веднаш и неодложно да ги поздрават, признаат и уважат напорите

на нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ за враќање на Македонија на вистинскиот колосек. Погубно е за иднината

на Татковината е да се инвестира во создавање перцепција дека нивниот интерес за состојбите во Македонија може

да биде некаков меѓународен заговор.

Второ, сите потписници на договорот од Пржино, не декларативно, туку со конкретни чекори да се усогласат за

целосно спроведување на обврските кои сами ги прифатија во преговорите за конечна разрешница на политичката

криза. Ако навистина се посветени на иднината на Татковината брзо ќе креираат соодветни механизми за враќање на

довербата во Избирачкиот список и обезбедување на медиумска платформа која ќе овозможи сигурност за фер

кампања. Неспорно е дека крајниот излез за кризата се парламентарните избори, но тие мора да бидат организирани

на начин со кој ќе се расчистат сите евентуални дилеми и обвинувања за наводни нерегуларности и чиј резултат ќе

биде верификуван од нашите меѓународни сојузници САД и ЕУ.

Трето, сите општествено – политички чинители во Татковината треба веднаш да престанат со јавни прозивки, притисоци

и меѓусебни закани, инволвирајќи ги Уставниот Суд, Специјалното Обвинителство, Основните, Апелационите,

Врховниот Суд, Јавното Обвинителство и останатите Државни институции. Партиите мора да разберат дека правната

сигурност, владеењето на правото, заедно со враќање на довербата во институциите е заедничка обврска. Впрочем,

сите треба да бидеме свесни дека на испит се ставени нашата државотворност, сувереност и сопствен општествено -

политички капацитет да се справуваме со кризи како самостојна и демократска земја.

Доста е од префрлање на топката во туѓиот двор. Наместо закани за повторна радикализација, треба

да се стои на зборот, да се преземе одговорност и да се демонстрира волја за конечна разрешница на

политичката криза. Додека ние внатре си ги вадиме очите, некој од надвор ја чека својата шанса, како

народ да не уценува да се откажеме од најсветото, името и идентитетот.

Тоа не смееме да го дозволиме!

Македонија мора да победи! Македонија ќе продолжи да чекори по патот на економски прогрес,

инвестиции и просперитетна иднина!

Бог да ја чува нашата Татковина!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

177

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!