05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Атанасоски, активно членува и наедно е секретар на една од најстарите

македонски организации во Северна Америка, „Македонската

заедница“ во Њујорк. Во оваа организација активно ги промовира

македонската нација, историја и култура преку директна поддршка и

организација на речиси сите социо-културни настани. Заедно со 62

други искрени патриоти, Атанасоски е еден од основачите на „Македонскиот

Светски Конгрес на Северна Америка“.

„Вложувам сериозни напори за целосно

обединување на сите македонци во дијаспората.

Долги години бев шеф на организацијата за

заштита на македонското име, знаме и устав.

Останав еден од најупорните лобисти за признавање на

уставното име на Република Македонија од што е можно

повеќе земји. Ја имав честа пред највисоките претставници

на Белата куќа да ја кажам вистината за Македонија. Моите

заложби вродија со плод за процесот на признавање на

уставното име на Република Македонија од САД, за време на

администрацијата на претседателот Џорџ Буш. Ми преставува

огромно задоволство што во 2011 година, од Обединетата

македонска дијаспора, во Вашингтон добив награда-признание

за еден од најпознатите македонски иселеници“ вели Атанасоски.

Сакам да помага на луѓето. Тоа го прави среќен. И понатаму продолжува да донира во

образовни, хумани и историско важни цели и проекти. Во втората половина од оваа година, во

Македонија, програмски ќе започне со работа Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасовски“ преку

која планира дополнително да ги унапреди, и преку една институционална форма, да ги

координира сите негови донаторски активности во татковината и регионот. Тој е првиот

македонец кој со своја приватна донација, уште во 2006-та година го финансирал градењето на

првиот споменик на Александар Македонски во родниот Прилеп. Автор на скулптурата е Жарко

Башески.

Со децении и во спортот дава свој придонес, поточно во прилепскиот ракомет.

„Директно вложував во женскиот ракометен клуб „Жито

Прилеп“, кој во одреден временски период стана дел од

фирмата „Жито Прилеп“, на која што сум сопственик и

со тоа стана еден од најактивните македонски клубови.

Менаџерскиот тим и играчкиот кадар постојано се

зголемуваше со врвни спортисти и спортски работници,

а тоа се одрази и врз ентузијазмот и бројноста на

навивачите. Спортската арена „Сонце“ е домот на

Ракометниот клуб „Жито Прилеп“. Таа е изградена во

далечната 1975 година, а реновирана беше во 2011 година

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

40 George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!