05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

12.06.2017

Komentar

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА ИЗЈАВАТА НА ДИМИТРОВ

ЗА ФАЈНЕНШАЛ ТАЈМС

V

о врска со изјавата на новиот шеф на дипломатијата Никола Димитров за „Фајненшал

Тајмс“ каде тој наводно рекол дека Македонија ја разгледува можноста да го смени

името со цел да влезе во НАТО, наслов кој потоа беше сменет во „Македонија размислува

за членство во НАТО под привремената референца“, Претседателот на Македонската

Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонската Алијанса упатува остар протест за скандалозната изјава на новиот Министер

за надворешни работи Никола Димитров. Дури и да е предимензиониран насловот од кој отпосле ретерираше

реномираниот „Фајненшал Тајмс“, прашање е зошто и како е објавена таква изјава, бидејќи штетата е веќе направена

и ниту еден демант не може да ја поправи. Новата Влада договори парламентарно мнозинство кое овозможи нивни

кадри да станат Државни функционери, да спроведуваат нивни програмски цели за да го подобрат животот на

граѓаните, ама во ниту еден случај не добија мандат да евентуално се раздаваат со најсветото Македонско име и

идентитет.

Зарем Никола Димитров не ја слушна дипломатската шлаканица која во пресрет на посетата на Атина, ни ја испрати

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коsиас, кој јасно и недвосмислено од Кожани порача дека ниту еден меѓународен

притисок нема да ја поколеба официјална Атина да отстапи од ставот - прво решение за името па после ЕУ и НАТО?

После серијата болни отстапки, прифаќањето срамна референца БЈРМ, менување на Устав и знаме, потпишана Времена

Спогодба, уште колку треба како народ да се понижиме? Кога конечно ќе се освестиме дека демонстрирањето

попустливост и конструктивност од наша страна нема да ја одоброволи Атина да попушти од својот ирационален и

средновековен национализам и иредентизам? Напротив, нивните ставови се порадикални!

Подолг период предупредуваме дека долготрајната политичка криза ќе биде злоупотребена на Македонија

да и се зададе силен удар, да се направи обид да се оспори Македонскиот национален идентитет од внатре, и

да се создадат предуслови да се стави на маса евентуално решение за името по Грчки терк.

Нашата заедничка Татковина веќе 26-та година издржува серија провокации, закани и уцени од речиси сите

политички структури кои се менуваат на власт кај нашиот јужен сосед. Генерации млади Македонци со децении

страдаат затоа што нивната земја неправедно се држи во чекалната на ЕУ и НАТО Алијансата.

Целосно се согласуваме со тезите дека со членството на Македонија во НАТО Алијансата, ќе се релаксираат

внатрешните состојби и ќе се инвестира во обезбедување долгорочна стабилност во регионот. Но, тоа не значи

дека ние бараме нешто некој да ни подари. Нашите меѓународни сојузници треба конечно да обезбедат

официјалната Атина, како осудена земја, да ја прифати и спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг,

затоа што во 2008 во Букурешт Грција одлучи противправно да ги прекрши меѓународно преземените обврски

и со вето го блокираше нашиот влез во НАТО Алијансата.

Ова е период на огромен тест за сите Македонски политичари. Македонскиот народ ќе следи дали им се помили и

подраги Државните фотељи и привилегии од Македонското име и идентитетот. Дали за функции, лични интереси и

привилегии се подготвени да ја продадат Татковината. Нашиот народ е мудар и умен и секоја грешка знае жестоко да

ја казни!

Најодговорните Македонски политички фактори, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ мора да препознаат и да се свестат

дека на нашата надворешна политика не и потребна сервилност, туку цврст консензус за прашањата од

национален интерес. Или ќе се усогласат за Македонските црвени линии и јасно ќе стават до знаење дека ниту

еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена

или откажување од најсветото Македонско име и идентитет или ќе си ја поделат одговорноста и ќе заминат на

буништето на политичката историја како велепредавници.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

300

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!