05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar 07.12.2017

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЗА НАЈАВАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ

ЗА ПОСЕТА НА ГРЦИЈА

V

о врска со интервјуто на Премиерот Зоран Заев за Грчката новинска агенција АНА-МПА,

каде тој, меѓу другото соопштува дека планира на почетокот на следната година да ја

посети Атина и да се сретне со Грчкиот Државен врв, Премиерот Алексис Ципрас,

Министерот Никос Ко sи јас и Претседателот, Прокопис Павлопулос, како и со некои Грчки

пратеници, Прет се да телот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го

соопштува следното:

Македонската Алијанса смета дека е добро Македонија да инвестира во унапредување на

одно сите со соседите. Но таквата надворешна политика мора да биде заснована на принципи, да не про мовира сервилност

туку реципроцитет. Најавата на Премиерот Зоран Заев во интервјуто на Грчката новинска агенција дека е „полесно

да се смени името на Скопскиот аеродром отколку името на Македонија“, е дипломатски неумесно, нетактично, бидејќи

уште еднаш ја потврдува подготвеноста на актуелната Влада да ги исполнува уцените на официјална Атина.

Кога Зоран Заев планира да лобира кај Прокопис Павлопулос за поддршка за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение,

веројатно е свесен дека Грчкиот Претседател постојано не обвинува за иредентизам и смета дека инсистирањето да се

користи името Македонија ги поткопува нашите ЕУ и НАТО аспирации. Откако е избран не пропушта смислено да не

провоцира од Воден, Солун, Костур, Сер, кои сведочат за историски огромната неправда која на Македонскиот народ му

е нанесена со Букурешкиот договор.

Секоја посета на соседите со кои имаме сериозни разлики, особено кога се работи за планирани средби со

највисоките претставници во Грција, мора претходно добро да се измерат сите можни последици. Се надеваме

дека Зоран Заевизвлече поука од средбата со Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој после средбата во

Скопје во интервју за Австриски „Куриер“ соопшти дека Премиерот на Република Македонија лицитирал со

можни решенија за името, што за жал се уште не е демантирано од ниту еден претставник на Владата.

Македонската Алијанса ќе го поддржи Премиерот Зоран Заев во намерите да ја посети Атина во обид да ја смени

јавната перцепција во Грција за Македонското прашање, под услов да обезбеди негово обраќање на Македонски јазик

во нивниот Парламент. Само на таков начин и Грчката позиција и опозиција, како и целата нивна јавност ќе разбере

дека постоењето на Македонското име, јазик и идентитет со ништо не ја загрозува Грција. Треба храбро и одважно,

пред Грчките радикали логично да се отвори дилема, ако Македонија навистина не постоела, или секогаш била дел

од Грција, како што тие тврдат, зошто тогаш нивната асимилаторска власт после 1913 имала потреба да ги смени сите

топоними во присвоената Егејска Македонија. Можеби и ќе најдат објаснување зошто Грција како осудена земја од

Меѓународниот Суд во Хаг, за прекршување на Времената Спогодба со ветото од Букурешт од 2008, се уште не ја

почитува пресудата и меѓународното право и упорно ги блокира Македонските Евроатлански интеграции.

Сите политичари во Татковината, без разлика дали припаѓаат лево или десно во политичкиот спектар, без разлика

на нивната етничка припадност, доколку навистина го сакаат опстанокот на Македонија, мора конечно да покажат

дека ги учат лекциите од минатото. Некоја друга генерација политичари претходно, сменила Устав, знаме откажувајќи

се од сонцето на Кутлеш, прифатила срамна привремена референца ПЈРМ за да обезбеди прием во ООН, направила

многу крупни отстапки на своја штета, а Грција, без разлика кој е таму на власт, не отстапува од својата ирационална

политика на блокади и закани. Нивните барања немаат крај. Еднаш им смета нашето реферирање на античките корени,

друг пат им сметаат нашите учебници кои морале да се чистат од „Македонштината“, утре ќе име смета нешто трето,

едноставно нивната цел е да не збришат како народ.

Ние сме убедени дека сега е моментот да се одважиме и да ги прекинеме преговорите! Секоја нова фаза ќе не носи

поблиску до бездната. Доста е од конструктивност и сервилност кои и во минатото и сега не ни донеле никаков ефект,

освен нови и се поголеми понижувања. Да покажеме конечно дека сакаме во ЕУ и НАТО, ама не по секоја цена.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

387

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!