05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar 15.02.2017

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА АМАНДМАНСКАТА

КАНОНАДА НА ГРЧКИТЕ И БУГАРСКИТЕ

ЕВРОПРАТЕНИЦИ НА ПРЕДЛОГ

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

V

о

врска со амандманската канонада на Грчките и Бугаските Европратеници на

Предлог Резолуцијата за Македонија, поднесена од известувачот Европратеникот

Иво Вајгл, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја

упатува следната реакција:

Амандманите на Предлог Резолуцијата за Македонија поднесена од известувачот Европратеникот

Иво Вајгл ги потврдува предупредувањата на Македонската Алијанса.

Нивната содржина уште еднаш докажува дека соседите ја злоупотребуват нашата внатрешна политичка

криза за да ги наметнат своите националистички агенди.

Грчките и Бугарските Европратеници не пропуштаат прилика да се обидат да го нападнат и загрозат Ма кедонскиот

идентитет.

Обидите да се избрише придавката «Македонски» од Резолуцијата, да се игнорира пресудата на

Меѓународниот Суд во Хаг, како и тврдењето дека има 100 илјади Бугари во Македонија заедно со барањата

да се одземе препораката за отпочнување на преговорите за членство е уште еден јасен сигнал дека

Татковината во овој период е цел на оркестриран напад од соседите по сите основи.

Наместо Грција да ја почитува пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг од 2009 и да ги одблокира Евроатланските

интеграции на Македонија, нејзините претставници во Европскиот Парламент дрско се обидуваат

да ги избришат своите обврски.

Политичките радикални структури во естаблишментите на Грција и Бугарија треба да објаснат во Европскиот

Парламент зошто негираат постоење на повеќе од 1 милион Македонци во Пиринска Македонија и Бугарија,

и 1,7 милиони Македонци во Егејска Македонија, кои спротивно на сите демократски принципи на ЕУ и

универзални вредности на ООН ги асимилираат и го негираат нивниот Македонски национален идентитет.

Тоа е вистинско прашање за Европскиот Парламент!

Македонскара Алијанса уште еднаш апелира до најодговорните Македонски политички партии да се

освестат и да разберат дека не се поголеми од Македонија.

Никој нема право да ја ризикува иднината на Татковината!

Колку и да е голем антагонизмот меѓу Македонските политички партии сите ние мора да смогнеме сили и

за стратешките национални интереси на Македонија и Македонскиот народ да се изгради сеопшт консензус,

кој во овие чувствителни моменти за Татковината е повеќе од неопходен.

Македонските политички партии мора заеднички и неодложно да се усогласиме и недвосмислено да соопштиме

дека, ниту една политичка партија нема да дозволи соседите да се мешаат во внатрешните прашања

на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со

чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на

Република Ма ке донија.

На домашната, но и на целата меѓународна јавност, недвосмислено да и укажеме дека без разлика на

сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во

Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото

Македонско име и идентитет.

Само со ваков пристап на нашите пријатели во Европскиот Парламент ќе им помогнеме да донесат

вистински одлуки кои ќе ги одржат Евроатланските перспективи на Република Македонија.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

259

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!