05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar

раги браќа и сестри Македонци,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

119

01.01.2016

НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ

НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

D

Новогодишните и Божиќни празници секогаш и секаде се повод за позитивни мисли, добрина, хуманост и убави

желби. Овие денови сите сакаме да ги поминуваме во душевен мир и семеен спокој.

Зад нас ја оставаме 2015 година !

Година во која продолжија напорите за обезбедување на постојан економски развој, континуирана борба со

невработеноста, активни политики за подобрување на животниот стандард на граѓаните, но и година во која повторно

на испит беа ставани нашите вековни идеали и стратешки интереси.

Ова беше турбулентна година на внатрешно политички, но и на безбедносен план.

Нашата Татковина беше исправена пред безбедносни предизвици и закани како мета на различни провокации и терористички акции кои

однесоа човечки загуби, обидувајќи се да предизвикаат дестабилизација, загрозување на Уставниот поредок и територијалниот интегритет.

Македонија, како дел од Европа се соочи и со последиците од масовната бегалска криза која предизвика многу сериозни хуманитарни

последици.

Татковината, нашиот народ, вклучително и Дијаспората, сме соочени со една долготрајна политичка криза која стана ризична за нашите

позиции во регионот, но и за Евроатланските интеграции.

За жал, некој можеби помисли дека Македонија ослабена од внатре, ќе стане лесен плен на старите ирационални, радикални,

националистички и средновековни политики, заради кои Македонскиот народ ќе биде принуден да се откаже од најсветото – името и

идентитетот.

Но разрешницата е на повидок и Македонија многу брзо повторно стабилно ќе продолжи да чекори по својот вистински пат за сигурна

иднина и развој.

Почитувани граѓани,

Пред нас е Новата 2016 година!

Ние во Македонската Алијанса велиме - Секогаш може и повеќе и подобро!

Продолжуваме со нашите заложби да се обезбедат основните слободи и демократски права, правото на слободно определување и

достоинствен живот за сите Македонци без исклучок. За нас нема разлика меѓу Македонците кои живеат во Татковината и оние од Егејска,

Пиринска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо, кои за жал, и во 21-век, се уште се борат за фундаменталните права, кои се универзална

придобивка за сите народи светот.

Татковината треба да продолжи по патот на Евроатлански интеграции, но не по секоја цена. Македонската Алијанса никогаш нема да се

согласи, да ја платиме највисоката цена за членството во ЕУ и НАТО, да се смени уставното име и да се обезличи македонскиот народ. Ние

самите како Македонци мора да покажеме дека имаме потенцијал да се избориме за економски просперитет, обединување на сите Македонци

од светот и најважно од се’ да го зачуваме најсветото - нашето вековно име и идентитет .

Наша обврска е да работиме на постојано унапредување на билатералните односи со нашиот најголем стратешки сојузник САД во

политичка, економска и стратешко -безбедносна смисла.

Во новата 2016 година, очекувам конечна разрешница на политичка криза, исполнување на превземените обврски со што Македонија ќе

опстои на стратешкиот колосек. Преку фер, слободни и демократски предвремени парламентарни избори, резултат кој ќе биде прифатен од

сите политички партии, со што конечно ќе се расчистат сите сомнежи и обвинувања за наводни изборни нерегуларности, сигурен сум дека

Татковината ќе ги задржи Европските перспективи.

Како што ветив, во изминатата 2015-та ја основав фондацијата “Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ преку која ги унапредувам своите донаторски

активности. Сакам да помагам на луѓето. Тоа ме прави среќен и исполнет човек. Се додека можам, како успешен бизнисмен ќе продолжам да

инвестирам во развојот на мојата Татковина. Мојот најголем сон, за што сум подготвен да жртвувам се’ што материјално сум стекнал во

професионалниот живот, е да ја видам Македонија обединета и силна, која непрекинато ќе се грижи за вековното македонско историско

наследство.

На крајот Ви посакувам Среќна Нова 2016 година, со желби за многу среќа, добро здравје, успех на личен и професионален план.

Нека Нашето Македонско Сонце, како симбол на нашиот непокор, Ви ги топли душите и Ви ги распламти срцата на патот на исполнување

на заедничките идеали на сите Македонци од светот.

Бог да ја чува Нашата Македонија!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!