05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

26.08.2016

Komentar

ПИСМЕНА ИЗЈАВА ЗА СРЕДБАТА

ПОПОСКИ - КОSИАС

V

о врска со вчерашната средба на Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsиас,

со Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски во Скопје,

на која според официјалните изјави не било разговарано за спорот за името,

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува

следната изјава:

Македонската Алијанса смета дека е добро што според официјалните изјави не

било разговарано за спорот за името. Впрочем, тоа не е тема која може да биде надлежност на едно или

повеќе министерства, туку национално прашање на целиот Македонски народ. Сите оние кои разговараат

за името и националниот идентитет еден ден ќе сносат одговорност пред целиот Македонски народ

бидејќи нив не им дал никој право да разговараат по тоа прашање.

Ние сметаме дека е добро нашите билатерални односи со јужниот сосед да се унапредуваат, но сме

воздржани за таканаречените мерки за градење доверба, за што во неколку наврати јавно сме

аргументирале.

Од досегашното искуство со слични Грчки иницијативи убедени сме дека тие мерки се евтин трик кој

треба да им даде „детски лик“ наповеќе децениските националистички и ирационални политики на

официјална Атина кон Македонија.

Зачудени сме од изјавата на Коsиас кој освен што среде Скопје не пропушти да ни повтори дека не

отстапуваат од нивните црвени линии, соопшти и дека навивал за „добри компромиси, а не за расипани

компромиси, кои ќе не ослободат од затворите на историјата“.

Скандалозно!

Дали за Коsиас е „расипан компромис“ Времената спогодба од 1995 година, која Грција ја прекрши со

ветото за прием на Македонија во НАТО Алијансата на Самитот во Букурешт во 2008 година, што е

констатирано во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг?

После срамната и наметната привремена референца БЈРМ, промената на Уставот и знамето, уште колку

„расипани компромиси“ треба да прифати Македонскиот народ за да ја задоволи иредентистичката Грчка

политика кон Македонија?

Која мерка за градење на доверба предложена од Грчка страна може да го ублажи нивното негирање на

Македонскиот национален идентитет, оспорувањето на универзалното демократско право на

самоопределување на Македонскиот народ, барањето за промена на Уставното име и отфрлањето на

постоењето на Македонците кој живеат во Егејскиот дел?

Љубителот на „добри компромиси“ Коsиас треба конечно да сфати дека времето за отстапки од

Македонска страна одамна заврши. Официјална Атина треба да го прифати историскиот факт за постоењето

на Македонија и Македонскиот народ, да се ослободи од својот „затвор на историјата“ и да се откаже од

својата иредентистичка политика на закани, уцени и блокади на нашите Евроатлански интеграции.

Кратко и јасно, за промена на Македонското име и откажување од

Македонскиот идентитет – преговори нема и нема ни да има!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

196

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!