05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

23.11.2016

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Komentar

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА

БАРАЊЕТО НА СВЕТСКАТА

ОРГАНИЗАЦИЈА ПРОТИВ ТОРТУРА ЗА

ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЗА ГРЦИЈА

V

о врска со барањето на Меѓународниот Секретаријат на Светската организација

против тортура (ОМСТ) за итна интервенција за ситуацијата во Грција која свесно ги

малтретира активистите за човековите права на малцинствата, Претседателот на Македонската

Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Информацијата подготвена од Хелсиншкиот набљудувач го констатираше срамното

однесување на Грчките власти, кои надвор од нормите на Европското закондавство ги

малтретираат сите оние кои креваат глас против нивните насилнички политики. Први на нивната таканаречена

црна листа се оние непожелни Македонци кои со години се посветени на демократската кауза да им се овозможат

основните човекови права на децата бегалци од Егејска Македонија и правото на самоопределување на

Македонците кои живеат таму.

Македонската Алијанса го поздравува барањето на Светската организација против тортура која нотирајќи ги

неодамнешниот инцидент со Славко Манговски, забраните за влез на Македонски новинари, прогласувањето на

адвокатката за човекови права за персона нон грата, иницира барање за итна интервенција и безусловно укинување

на сите забрани кои официјална Атина ги спроведува на дело. Во април оваа година на нашата меѓународно позната

музичка група „Љубојна“, Грчките погранични власти дрско и забранија посета на Воден и учество на прославата на

Македонскиот весник „Нова Зора“, иако само неколку дена претходно истата група учествуваше на Балкан Фест во

Солун. И јас лично пред три години на своја кожа го почувствував самоволието на Грчките власти кои ми забранија

влез заради тоа што во мојот Американски пасош стои Уставното име на Татковината, за што официјално го

информирав Стејт Департментот.

Грчките власти заслепени од својот национализам и иредентизам немаат демократски капацитет да се соочат со

сите оние кои ја говорат вистината, дека тие го негираат и повредуваат правото на самоопределување, правото на

сопствен национален идентитет на Македонија и Македонскиот народ, што е спротивно на Конвенциите за

човекови права. Недозволиво е во 21 век, земја членка на ЕУ и НАТО, да води асимилаторска политика и сите оние

кои не се и не можат да бидат Грци, да ги принудуваат да се изјаснуваат така.

Македонската Алијанса упатува уште еден апел до политичките партии во Татковината, да не чекаме и оставаме

други да не бранат, бидејќи сите ние, без разлика на нашите идеолошки разлики, имаме патриотска обврска и

должност да го одбраниме најсветото наше историско наследство, Македонското име и идентитет.

Пред 11 декември, треба сите политички партии да се обединиме околу иницијативата, јасно и директно

да се обврземе и да соопштиме:

Прво, ниту една политичка партија нема да се согласи да преговара за промена на Уставното име на Татковината.

Второ, Македонскиот национален идентитет е универзално демократско право на Македонскиот народ кој низ

вековите ја градел својата јазична, културна и верска посебност, и затоа било каква дебата околу тие историски

факти е неприфатлива за ниту еден Македонски политичар. Нема разговори околу идентитетските прашања!

Трето, соопштуваме дека еднострано ги замрзнуваме сите разговори за таканаречените мерки за доверба се

додека официјална Атина не го смени својот негаторски и понижувачки однос кон Македонија.

На крајот треба да ги повикаме ЕУ и НАТО да ја земат предвид пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и

конечно да ги одблокираат нашите Евроатлански интеграции.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

230

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!