05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 14.08.2017

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

ИМЕНУВАЊЕТО НА НОВ

ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ

ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

V

о врска со одлуката на Владата да го именува Зирап Асани, на предлог на ДУИ, за

нов Вршител на должноста Директор на Државниот Завод за Статистика, Прет седателот

на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната

писмена реакција:

Што згреши претходното кадровско решение на СДСМ кој беше Директор на

Државниот Завод на Статистика само 40-тина дена, сметано од 27 јуни кога беше

именуван од новата Влада на Зоран Заев? Нели едно од стожерните ветувања

на СДСМ беше брзо и законско спроведување на пописот? Од каде сега во коалиционите кадровски

комбинаторики оваа исклучително важна позицијата, прв пат од независноста на Македонија, оди во

рацете на Албанскиот политички фактор? Зошто Зоран Заев, токму после усвојувањето на скандалозниот

нов Закон за употреба на јазиците од страна Владата, симптоматично се откажува од раководењето

на Државниот Завод за Статистика и му го препушта на ДУИ кој беше категорично против законско

спроведување на пописот во 2011? Дали е на повидок нов обид за спроведување на фалсификуван попис?

Дали за да ја зачува Владината коалиција, фотељите и функциите СДСМ направи уште еден трул договор

со ДУИ на штета на Македонските национални интереси?

Во Татковината не е спроведен попис цели 15 години исклучиво заради политички причини и

полтронско однесување на најодговорните Македонски политички фактори, кои за жал секогаш ги

избираат привилегиите и плодовите на власта наместо долгорочните интереси на нашата заедничка

Држава. Ние еднаш мора да се преброиме и тоа не со политичка формула туку по меѓународни стандарди

за една вообичаена статистичка операција. Не во термини кога им одговора на Албанските политички

фактори кои со сила сакаат да ја довлечкаат Албанската Дијаспора и лажно да претстават дека живее во

Македонија.

Македонската Алијанса најостро се спротиставува на одлуката на Владата на Зоран Заев управувањето

со Државниот Завод за Статистика да му го препушти на ДУИ. Али Ахмети после скандалозните обиди

за фалсификат на пописот во 2011 нема никаков кредибилитет да предлага кадровски решенија за оваа

исклучително важна Државна институција.

Во името на Македонската Дијаспора бараме Претседател на Државната Пописна Комисија која ќе го

спроведува следниот попис да биде наш претставник, кој ќе биде лице со углед, кредибилитет, чесен и

способен да постапува исклучиво по слово на Закон, а не врз основа на политички диктат.

Македонската Алијанса бара Владата на Зоран Заев и Али Ахмети веднаш да го повлечат

скандалозниот Закон за употреба на Албанскиот јазик. Нема што Венецијанската Комисија да дава

конечно мислење за двојазични униформи во АРМ и двојазични банкноти. Секој студент по право од

прва година знае дека овие одредби се во целосна спротивност со Уставот. Ниту во Охридскиот Рамковен

Договор постои одредба која дефинира дека во Општините и Градот Скопје каде Албанците формално се

водат дека се над 20 проценти треба да има двојазични Државни ознаки на полицијата, пожарникарите и

здравствените работници.

Доста е политички пазари со кои се раскрчмува Македонскиот национален идентитет. Прво нека

се спроведе реален законски попис па откако ќе се види реалноста тогаш ќе може да се разговара за

вистински и принципиелен граѓански концепт на Македонското општество. Македонскиот народ не може

со лажни проценти и понатаму да биде уценет во сопствената Држава!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

331

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!