05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 12.12.2017

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА ПРИЛОГОТ НА ГРЧКАТА

ТВ „СТАР“

P

о повод прилогот на Грчката телевизија „Стар“ која објави дека

„Нова Македонија“ е предлогот за кој ќе се разговара на средбата на

медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и Грција,

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува

следната реакција:

Македонската Алијанса најостро ја осудува лицитацијата со нови имиња

за Република Македонија. Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, пред

две недели, после посетата на Македонија, во интервју за Австриски „Куриер“ излезе со тврдење

дека за Премиерот Зоран Заев биле прифатливи имињата Северна или Горна Македонија. Сега,

Грчката Телвизија „Стар“ излегува со тврдење дека „Нова Македонија“ е предлогот кој ќе го стави на

маса Метју Нимиц во Брисел, бидејќи другите предлози не биле прифатливи за Грција и Бугарија кои

немало да го спречат Македонскиот иредентизам.

А што е прифатливо за актуелната Влада на Република Македонија? Го прашува ли некој

Македонскиот народ? Македонската Алијанса бара објаснување од актуелното политичко

раководство на Татковината, што е вистина и дали некој се дрзнал да прифаќа нови имиња? Бидејќи

средба помеѓу Македонските и Грчките преговорачи со медијаторот Метју Нимиц се случува после

долго време, и Вицепремиерката и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, јавно изјави дека

во Брисел нема да се разговара за нов предлог.

Клучното прашање е дали актуелната Влада влета во замката за која одамна предупредуваме.

Република Македонија не може да обезбеди фер компромис со официјална Атина. Ситуацијата е

јасна. Опозициската Нова Демократија реагира и најмал оптимизам на Премиерот Алексис Ципрас за

евентуален прогрес на нашите Евроатлански интеграции на почетокот на 2018. Во прилогот на

Грчката ТВ „Стар“ јасно се соопштува уцената – ако Македонија го прифати името „Нова Македонија“

ќе се отворел патот за решавање на прашањето за името, иако медиумот наведува дека не се знае

како ќе реагира Панос Каменос кој се противи решение за името воопшто да го содржи називот

Македонија.

Се што се случува потрдува дека сме во право кога сметаме дека е сега моментот со шокдипломатија

да ја смениме играта. Само со прекин на преговорите и јасно ставање до знаење дека

без почитување и спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, која јасно упатува

дека Македонија согласно Времената Спогодба треба да стане членка на НАТО Алијансата со

привремената референца ПЈРМ, ние нема што да преговараме, бидејќи не сме убедени дека Грција е

подготвена воопшти да се договори и да го исполнува евентуалниот компромис.

Ова е многу чувствителен период за Татковината. Секој потег се мери на кантар. Тие што

евентуално тргнале да прават есап за велепредавство да не се лажат дека ќе го прелажат

Македонскиот народ! Единствен суверен владетел на Македонскиот национален идентитет, јазик,

култура, посебност и име е Македонскиот народ и никој друг.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

389

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!