05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar 07.02.2017

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА ИЗЈАВИТЕ НА

АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕСМЕН

ДАНА РОРАБАКЕР

V

о

врска со ставот на Американскиот Конгресмен Дана Рорабакер, кој во интервју за

„Визион плус“ од Тирана изјави дека Македонија не е Држава и треба да се подели,

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната

реакција:

Македонската Алијанса е изненадена од скандалозниот став на Конгресменот Дана

Рорабакер. Неговото долго политичко искуство, од пишувач на говори во времето на

Претседателот Роналд Реган, до неговиот моментален ангажман во Комитетот за надворешни работи како

Претседавач со подкомитетот за Европа во рамки на Конгресот на САД, ни дава за право да веруваме дека

Рорабакер е свесен и ја знае тежината и личната одговорност за ставот кој го искажал. Тој не е било кој,

особено што ја претставува САД, една од 5-те постојани членки на Советот за безбедност при ООН, која патем

ја има признаено Република Македонија под Уставното име и со која има потпишано специјален билатерален

стратешко безбедносен договор.

Зарем Рорабакер навистина верува дека САД по грешка ја имаат изградено една од најголемите Амбасади

во регионот во Македонија, која според него не е Држава? Дали ставот на Рорабакер дека Македонија треба

да се подели е всушност индиректна потврда дека овој Американски Конгресмен ќе ја поддржи иницијативата

за одржување на референдум за отцепување на неговата Калифорнија од САД? Или, по туѓ грб и 100 стапа

не болат, па Рорабакер смета дека за Албански медиум може да ја дели и парчи Македонија во зависност од

нечии дневно политички интереси?

Македонската Алијанса во рамките на своите активности со Македонската Дијаспора ќе ги покрене

сите контакти во Конгресот, Сенатот и Стејт Департментот, вклучително и Групата за Македонија во

Американскиот Конгрес, каде ќе побараме оградување од скандалозниот став на Конгресменот Рорабакер.

Соединетите Американски Држави се најважниот стратешки сојузник на Македонија и Македонскиот

народ и затоа сме убедени дека Стејт Департментот во најкус можен рок ќе ги реафирмира своите позиции

кон Република Македонија.

Уште еднаш ги повикуваме лидерите на најодговорните Македонски политички партии во Татковината

да се освестат. Татковината се наоѓа во многу чувствителен период. Соседите ги користат сите дозволени

и недозволени средства за да инвестираат во дестабилизација на Македонија и будење на духовите од

минатото, преку што гледаат шанса за остварување на нивните големо националистички интереси.

Без разлика на нивниот антагонизам, Македонските политички партии за националните прашања од

суштинска важност за иднината на Македонија и Македонскиот народ, мора веднаш да се усогласат и да

изградат консензус.

Ние на домашната и меѓународната јавност мора јасно и недвосмислено да и соопштиме дека без разлика

на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар

во Татковината никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од

најсветото Македонско име и идентитет. Нема да дозволиме соседите да се мешаат во внатрешните прашања

на Македонија свесно инвестирајќи во нарушувањето на добрососедските односи, да си поигруваат со

чувствата на Македонскиот народ и со тоа да покажуваат целосно непочитување на суверенитетот на

Република Македонија.

Македонските политички партии мора да сфатат дека не се поголеми од Македонија!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

257

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!