05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 29.11.2016

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА ФОРМИРАЊЕТО НА УНИЈА

НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ

ВО РЕГИОНОТ

V

о врска со информациите кои ги објави Тиранската телевизија „Топ чанел“, дека по

повод одбележувањето на Денот на независноста на Албанија и Денот на нивното

знаме, се фор мирала таканаречена Унија на Албански општини во регионот, во кој се

вклучени Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево, на што претходела средба меѓу

Градоначалникот на Тирана и другите први луѓе на споменатите Општини, Прет се дателот

на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонската Алијанса изразува загриженост што празникот на Албанскиот народ се искористува да се испраќаат

политички провокации кои не одат во прилог на добрососедските односи. Никој не ги спречува Општините во

регионот, на полето на урбанизмот, екологијата, културата и инвестициите да имаат размена на искуства, но

прогласување и формирање на некаква Унија на Албански Општини во регионот има сосема друг политички контекст

и претставува чиста провокација.

Ние не сакаме да веруваме дека повторно на перфиден начин се испраќаат пораки дека митот за создавање на

Голема Албанија не е затворен.

Земајќи предвид дека Татковината се наоѓа во изборна кампања во која се отвораат многу болни и чувствителни

теми за Македонскиот народ, Македонската Алијанса јавно ја повикува Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, да

и објасни на јавноста што значи формирањето на Унијата и со чие овластување таа се согласила или потпишала влез

на Тетово во оваа Унија. Истовремено, очекува ДУИ да објасни дали овој потег на нејзиниот функционер е во согласност

на нивните стратешки и програмски заложби или е приватна екскурзија на Градоначалничката.

Ако според нив ова не е ништо спорно, тогаш нека одговори ДУИ, зошто Теута Арифи, во интерес на соживотот и

меѓуетничката толеранција, на пример, во Тирана не го отворила прашањето зошто нашите браќа и сестри Македонци

во Албанија, во 21 век, се уште се маргинализирани и ги немаат основните човекови права и слободи, за основање на

Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на Државната

Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските

студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик?

Уште еднаш ги повикуваме најголемите и најодговорни политички лидери во Татковината да освестат и сериозно

да размислат за ризиците со кои се соочува нашата Македонија.

Сметаме дека ова е директна последица од отворањето или пласирањето на идеи во предизборната кампања за

разговори и преговори за надминување на рамките дефинирани во Уставот на Татковината како последица на

Охридскиот Рамковен Договор. Неодговорно е опозицијата во предизборни цели и додворувајќи се на Албанските

гласачи да се залага за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија што неминовно води кон

отворање на Уставот. Изборите ќе поминат, но штетата која на долг рок може да се одрази врз иднината на Татковината

и врз нашите граѓани уште од сега почнува да се наsира.

Македонската Алијанса силно верува дека на 11 декември ќе победи унитарноста, стабилноста и

сигурната иднина на Татковината, во која секој ќе се чувствува гордо без разлика на етничката, политичката

или верската припадност. Македонскиот народ сплотено ќе застане во одбрана на нашата заедничка

Татковина за која генерации наши предци ги давале своите животи.

Македонија ќе продолжи да чекори по стратешкиот колосек и кон економскиот просперитет!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

231

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!