05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

01.04.2016

Komentar

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

ГРЧКАТА ЛИСТА НА

НЕПОЖЕЛНИ МАКЕДОНЦИ

V

о врска со најновите провокации од Грчките власти, кои без никаков

основ забранија влез на Македонци, меѓу кои и пејачката на музичката

група „Љубојна“, кои оделе на прослава на весникот „Нова Зора“ во Воден,

Претседателот на Македонската Алијанса,Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува

следната писмена реакција:

Македонската Алијанса најостро го осудува срамното однесување на

Грчките власти, кои надвор од нормите на Европското закондавство, насилнички и своеволно си

направиле листа на непожелни Македонци, која во зависност од дневно политичките потреби на

нивниот радикализам, од време на време се проширува.

Со одлуката да им се забрани влез на Македонци со Македонски, Албански, Канадски,

Американски и Австралиски пасоши, само заради тоа што на некаков начин се поврзани со децата

бегалци од Егејска Македонија или ги бранат правата на Македонците кои живеат таму, Грчките

власти направија директен и брутален атак на основните вредности и принципи на кои е основана

Европската Унија.

Фактот што Грчките власти овој подмолен потег го правдаат со одлука од национален интерес,

дополнително потврдува дека мотивот е чисто политички да се саботира прославата на весникот

„Нова Зора“ во Воден. Не може нашата музичка група „Љубојна“ да е подобна да учествува на

Балкан фест во Солун, а само неколку дена подоцна да се спречи одење во Воден. Ваквото

самоволие е директна потврда за Грчкиот средновековен иредентизам.

Ова не е прв пат. На мене лично пред три години Грчките власти ми забранија влез заради

тоа што во мојот Американски пасош стои Уставното име на Татковината, за што официјално го

информирав Стејт Департментот.

Македонската Алијанса дава силна поддршка на Македонците од Егејска Македонија. Јаловиот

Грчки национализам не може да ја смени историјата и да го избрише постоењето на Македонија

и Македонскиот народ. Ние како Држава мора јасно да ставиме до знаење дека нема да останеме

неми на ваквите испади и провокации кои наместо да ги унапредуваат, ги уназадуваат односите

меѓу двете соседни земји.

Македонската Алијанса го повикува Алексис Ципрас јавно да се огради од ваквите постапки

на Грчките гранични власти. Со таков потег Грчкиот Премиер ќе покаже дека постапките на

Јанис Музалас и Макис Балаурас, како функционери на неговата „Сириза“ се чекор напред со

кои официјална Атина го подготвува теренот за прифаќање на неприкосновената вистина дека

Македонија е реалност како нивна соседна, независна, суверена и мирољубива Држава.

Македонската Алијанса ја повикува Европската Унија да стави крај на неодговорното

однесување на Грчките власти кои со листата на непожелни Македонци, кои дури имаат пасоши од

САД, Канада и Австралија, прекршуваат повеќе меѓународни конвенции.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

152

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!