05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

23.12.2016

Komentar

Z

АД

НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

НАС ЈА ОСТАВАМЕ 2016 ГОДИНА.

Поминаа 365 дена исполнети со сериозни предизвици за Татковината и Македонскиот народ.

Годината ја започнавме со последиците од една од најголемите драми во поновата историја

на човештвото – бегалската криза.

Светот го тресеше тероризмот кој за жал добива размери на епидемија која ги покажува

слабостите и на развиените безбедносни системи на државите во Европа и САД.

Војната во Сирија остава горчлив впечаток дека лекциите од минатото не се научени, политиката и

стратешките интереси се уште се поважни од судбините на луѓето кои минуваат низ досега невидени страдања.

Сепак, во светската политика се случија и одлични работи. Победата на Г-дин Доналд Трамп е историска за

Американскиот народ затоа што претставува симбол за нова надеж и сигурна иднина. Ова е успех на обичните

Американци кои силно веруваат дека најмоќната Држава на светот може да гради партнерства на поефикасен

и фер начин. Јас сум сигурен дека 45-тиот Претседател на САД, Доналд Трамп ќе отвори нови перспективи за

нашата Татковина.

Македонија помина уште година во длабока политичка криза. Предвремените избори на 11 декември се

одржаа во фер и демократска атмосфера, овозможувајќи им на гласачите слободно да ја изразат својата волја,

што беше недвосмислено потврдено од релевантната меѓународна јавност.

За жал, заради упорното оспорување на изборниот легитимитет на претходните пратеници од Дијаспората

и воведувањето на изборниот праг, на овие избори како Држава се доведовме во ситуација, нашите браќа и

сестри кои живеат и работат со децении во туѓина, а никогаш не ги прекинале врските со Татковината, сега да

немаат свој претставник во Македонското Собрание.

Драги браќа и сестри Македонци,

Деновите пред Нова Година и Денот на Христовото раѓање Божиќ секогаш и секаде се денови за убави

желби, за добри мисли, за душевен мир и семеен спокој.

Знам дека и во 2017 година влегуваме во нова неизвесност на иднината на нашата заедничка Татковина.

Никој не посакува кризата да продолжи. Треба да извлечеме поуки за да станеме поцврста демократија која

ќе испорачува долготрајна стабилност.

Сакам да Ве уверам дека во Македонија се уште постојат политички сили кои на дело покажуваат како

искрено и чесно се сака Татковината и сопствениот народ.

Доколку некој се обиде да ја продолжи политичката криза за да се обезбедат предуслови за создавање на

некакво вештачко решение кои преку силен притисок и споделена одговорност на најекспонираните политички

лидери ќе се спроведува подмолно сценарио за продажба на Уставното име и идентитетот, ние заедно остро и

радикално ќе се спротиставиме.

Ние сакаме да ја видиме Македонија во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена.

Преговори за обезличување на Македонскиот народ, нема и не може да има.

Ние самите како Македонци мора да покажеме дека имаме потенцијал да се избориме за економски

просперитет, обединување на сите Македонци од светот и најважно од се’ да го зачуваме најсветото - нашето

вековно име МАКЕДОНИЈА.

На крајот од ова мое обраќање Ви посакувам Среќна Нова 2017 година, со желби за многу среќа, добро

здравје, успех на личен и професионален план.

Нека Нашето Сонце, нашиот најголем Македонски симбол на непокорот, Ви ги топли душите и Ви ги

распламти срцата на патот на исполнување на заедничките идеали на сите Македонци од светот.

Бог да ја чува Нашата Македонија!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

238

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!