05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar

02.01.2018

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ

НА АЛИ АХМЕТИ

V

о врска со ставот на Претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој на новогодишниот брифинг со новинарите

во Мала Речица изјавил дека референдумот ќе предизвика поларизации во опш теството

и затоа спорот за името треба да се реши со компромис, Претседателот на Македонската

Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

Изјавата на Али Ахмети е скандалозна, провокативна за Македонскиот народ и штетна за националните

интереси. За жал, бевме во право кога уште во ноември предупредивме дека воопшто не се

случајни изјавата на Вицепремиерот Бујар Османи дека после резултатот на локалните избори нема

потреба од референдум за името, бидејќи граѓаните се изјасниле позитивно за промена на името и еден месец подоцна кога Талат

Џафери изјави дека заради високиот процент на граѓани кои сакаат во ЕУ и НАТО, Собранието имало целосен легитимитет да во

нивно име одлучи за промена на името. Сега кога никој нема повеќе дилеми дека ДУИ со умисла од внатре ги ослабува

преговарачките позиции на актуелната Влада на Зоран Заев, се наметнува прашањето што СДСМ како стожерен носител на

власта мисли за овие позиции на коалициониот партнер. Според нас има две можности. Или има преќутна согласност Ахмети да

го девалвира општо прифатениот принцип на најодговорните Македонски политички партии за референдум, за да Заев потоа да

може да се повлече, или ДУИ веќе отворено и без кочници одработува за Грчките радикали и националисти. Јавна тајна е дека

официјална Атина се противи на идејата за спроведување референдум во Македонија и дека инсистира евентуалното решение

на спорот да биде изгласано исклучиво во Македонското Собрание. Срамно е Али Ахмети да зборува за поделби во Македонското

општество. Зарем амнестијата на Хашките случаи не предизвикува поделби? Зарем инсистирањето на Законот за двојазичност,

кој е спротивен на Охридскиот Рамковен Договор и кој го загрозува Македонскиот национален идентитет по Грчки терк не

предизвикува поделби?

Во вака чувствителен период за Татковината ова однесување на ДУИ е неприфатливо. ДУИ може да зборува и да бара да биде

дел од проблемот за името тогаш кога ќе побара од својот ментор Еди Рама, Албанската Влада да го признае Уставното име на

Македонија. Али Ахмети не е вчерашен за да не знае дека Македонија и Македонскиот народ не бараат ништо на подарок, туку

реализација на универзалното право на самоопределување што го ужива секоја друга земја – членка на ООН. Бараме почитување

на Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со која Грција е осудена поради противправното вето на

Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 со кое го спречи влезот на Македонија во Алијансата. Затоа, референдум мора да има!

Единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е Македонскиот народ. Ниту еден лидер, партија или коалиција

не е поголема од иднината на нашата Татковина!

Земајќи предвид дека сите новогодишни пораки на Грчките политички претставници ги потврдуваат старите нивни

уценувачки позиции - или Македонците ќе се откажат од идентитетот, ќе го сменат името, ќе се откажат од историја и целосно

ќе се обезличат или нема членство во ЕУ и НАТО Алијансата, Македонската Алијанса на почетокот на 2018 која очигледно ќе

биде пресудна година за иднината на Македонскиот народ и Македонија уште една ги повикува најодговорните Македонски

политички партии моментално застапени во Македонското Собрание да ги преземат следните чекори:

1. Времено прекинување на преговорите за спорот за името со образложение дека бараме Грција како осудена земја од

Меѓународниот Суд во Хаг, да ја спроведе пресудата и во согласност со меѓународното право да ги одблокира Македонските

Евроатлански интеграции. Ако Грција не ја испочитува Времената Спогодба од 1995 тогаш кои се гаранциите дека ќе преговара

согласно принципите на меѓународното право.

2. Македонското Собрание да ја одложи ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Владата на Бојко

Борисов го презема претседателствувањето со Европската Унија во првите шест месеци од 2018 и сега на дело може да ги

покаже своите наводно искрени намери дека ќе и помогне на Македонија и ќе го признае Македонскиот национален идентитет.

3. Законот за воведување на двојазичност да биде повлечен од Собраниска процедура бидејќи решенијата кои евентуално

би стапиле на сила се противуставни и го загрозуваат Македонскиот идентитет. Се додека не се спроведе законски попис

прашањето за проширување на опфатот на употребата на Албанскиот јазик да се замрзне.

Доколку најодговорните Македонски политички партии не сакаат да го разберат ризикот од игнорирањето на

околностите со кои Татковината се турка во бездна ќе бидат директни извршители или соучесници кои со гласање или

молчење ќе се обидат да сторат тешко велепредавство заради што ќе мора и да се соочат со одговорност.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

399

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!