05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 24.07.2017

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ГРУПАТА

НА ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

ВО КОНГРЕСОТ НА САД

V

о

врска со новата иницијатива на Групата на пријатели на Македонија во Конгресот

на САД за посета на нашата земја од страна на Државниот Секретар на САД, Рекс

Тилерсон, како зајакнување на стратешкото партнерство, Претседателот на

Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски го соопштува следното:

Македонската Алијанса изразува благодарност до Американските Конгресмени

кои се потпишаа на писмото упатено до Рекс Тилерсон, со кое бараат посета на

Македонија, која би се реализирала после 14 години откако Македонија последен пат е посетена од

Државен Секретар на САД.

Иницијативата е нова потврда на значајната улога на Македонската Дијаспора која не мирува и

постојано лобира на сите полиња покажувајќи ги своите нераскинливи врски со своите браќа и сестри

од Татковината. Лани Конгресмените Алекс Муни, Ренди Вебер од редот на Републиканците и Тед Лу од

Демократите донесоа одлука да се приклучат на Групата на пријатели на Македонија, а земајќи предвид

дека на оваа актуелна иницијатива се потпишани 32 Конгресмени, 14 Републиканци и 18 Демократи, јасно

е дека се поголема група на Американски политичари се залагаат за исполнување на стратешките

интереси на нашата Татковина. Фактот што во Групата на пријатели на Македонија членуваат

Конгресмени и од Републиканската и од Демократската партија, уште еднаш се докажува дека САД е

најголемиот, најважниот и стратешки најсилниот сојузник на Република Македонија.

Македонската Алијанса смета дека е од исклучително значење Државниот Секретар на САД, Рекс

Тилерсон, да ја посети Македонија како зацврстување на стратешкото парнерство и како одговор на

сите обиди на засилено Руско влијание на Балканот. Во тој контекст не смееме да заборавиме дека во

2015 година 16 Конгресмени, од тогашниот Државниот Секретар на САД, Џон Кери, побараа тогашната

администрација да се заложи за брз прием на Македонија во НАТО Алијансата.

Земајќи предвид дека Македонија повеќе од 2 години е во сериозни внатрешни проблеми, цел

на надворешни влијанија, мешање на соседите и повторно на маса се става и загрозува нашиот

Македонски национален идентитет и Уставно име, Македонската Алијанса е силно уверена дека сега

како никогаш порано, е неопходно, нашиот најголем сојузник на САД да обезбеди брзо членство на

нашата Татковина во НАТО Алијансата. Освен посетата на Македонија, Државниот Секретар на САД, Рекс

Тилерсон, треба да го искористи својот авторитет конечно да се обезбеди спроведување на пресудата

на Меѓународниот Суд на правдата во Хаг и Македонија да стане полноправен член на Алијансата

согласно Времената Спогодба, која Грција ја прекрши на Самитот во Букурешт. Тоа е уште еден влог во

долгорочната стабилизација на целиот регион, а за нашата држава и народ мотив плус за продолжување

на општествениот курс за унапредување на демократските вредности и остварување на вековните

стремежи за обединета и силна Татковина.

Македонската Алијанса изразува благодарност до администрацијата на Претседателот на

САД, Доналд Трамп, која во сиот изминат период на внатрешни предизвици за Македонија и

Македонскиот народ вложуваат сериозни напори за зачувување на стратешките определби за наше

полноправно членство во НАТО Алијансата и Европската Унија.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

319

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!