05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

24.07.2015

Komentar

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА

СО ПОВТОРНОТО АКТУЕЛИЗИРАЊЕ НА

ПРАШАЊЕТО ЗА УКИНУВАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО

ПРАВО НА ДИЈАСПОРАТА ОД СТРАНА НА

ПАРТИЈАТА НДП НА АЛБАНЦИТЕ

V

о врска со повторените иницијативи, последната на партијата Национална Демо кратска

Преродба на Албанците, која јавно го актуелизираше предлогот за уки нување на

гласачкото право на Дијаспората, како дел од прашањата кои се покре нуваат во рамки

на преговорите на четирите најголеми политички партии во Маке донија за реформи на

Изборното Законодавство, Претседателот на Македонска Али јанса, Ѓорѓија Џорџ

Атанасоски, го соопштува следново:

Во името на Македонската дијаспора изразуваме длабоко разочарување од крајно потценувачкиот однос кој

одредени политички субјекти во Република Македонија упорно го манифестираат кон Македонците кои живеат

надвор од границите на Татковината. Особено сме зачудени што вакви непристојни предлози повторно се ак туелизираат

после јавниот повик на Претседателот на Република Македонија, со кој беше побарано токму од дијаспората

активно да се вклучи во престојните процеси во Татковината.

Македонската Алијанса најостро се спротиставува на било какви иницијативи или предлози за скратување или

укинување на правото на дијаспората да гласа и да избира свои кандидати на парламентарни и претседателски

избори кои се одржуваат во Република Македонија. Искрено веруваме дека наша обврска и патриотска должност е

активно да учествуваме во политичкиот и економскиот развој на нашата Татковина. Воопшто не е случајно што сите

Држави кои негуваат Европски демократски вредности, градат мостови и имаат стратегија за долгорочно развивање

на однос и трајни врски со своите иселеници. Политичките партии во Македонија треба да создаваат политики и

мерки кои ќе ги натераат иселениците да се враќаат и да го вложуваат својот тешко спечален капитал во Татковината.

Ние имаме разбирање за фрустрацијата на одредени политички партии, кои својот неуспех да се наметнат

програмски во дијаспората сакаат да го решат со иницијативи за укинување на нивното право за гласање.

Зголемувањето на одзивот кај иселениците, не може да се реши само со воспоставување на изборен праг, туку со

осмислена Државна стратегија која ќе биде усвоена со општествен и политички консензус, и ќе биде насочена кон

градење на чувство на припадност кон Татковината на новите генерации иселеници и со тоа зголемување на одзивот

на следните избори.

Ние сме свесни дека веројатно има одредени прашања кои можат да се подобрат, но секој почеток е тежок и

секогаш постои можност правилата да се унапредат врз основа на претходните искуства.

Македонската Алијанса смета дека секој обид за целосно укинување на правото на дијаспората да гласа ќе биде

катастрофално за иднината на Татковината. Подготвени сме да разговараме, да дебатираме и да ги спротиставиме

нашите аргументи со секој кој мисли дека гласовите на Дијаспората се непотребни.

Како наш придонес во дебатата за реформи на Изборното Законодавство го афирмиравме нашиот предлог за

промена на изборниот модел преку воведување на една изборна единица, без изборен праг, во која ќе бидат

вклучени и гласовите од Европа, САД и Австралија. Со таков пристап ќе се затворат сите дилеми и прашања во

врска со изборниот легитимитет на пратениците од Дијаспората. Истовремено веруваме дека со ваква реформа ќе

се добие фер шанса и за помалите политички чинители автентично да ги спроведуваат своите платформи за кои

граѓаните го дале својот глас.

Македонската дијаспора во рамките на своите можности и организациона поставеност, преку лобирање,

користење на своите економски, бизнис и политички врски во најмоќните Држави во светот, секојдневно работи на

промовирање на Татковината и заштита на стратешките Државни интереси на Македонија и Македонскиот народ.

Остануваме доследни на нашите програмски определби и принципи дека сме нераскинлив дел од Татковината и

затоа со сите политички и демократски средства како дијаспора ќе се бориме нашите права да се унапредуваат,

бидејќи сметаме дека тоа е неопходно за идниот развој на Република Македонија.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

66

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!