05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

15.11.2016

Komentar

P

о

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЗА ПОСЕТАТА НА

БАРАК ОБАМА НА АТИНА

повод денешната посета на Претседателот на САД, Барак Обама на Атина,

каде се очекува, во разговорите со Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас да се

отвори Македонското прашање, Претседателот на Македонската Алијанса,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Македонската Алијанса ја поздравува посетата на Американскиот

Претседател Барак Обама на Атина, која се случува кога Грчкиот

Претседател, Прокопис Павлопулос, веќе со месеци води подмолна кампања и скандалозно ја

провоцира Македонија и Македонскиот народ. Без разлика што посетата на г-динот Обама се

оценува како проштална, сигурни сме дека Американскиот Претседател има што да му порача на

Алексис Ципрас за отворените регионални прашања.

Сите најави и проценки за оваа посета укажуваат дека САД нема повеќе намера да ја толерира

дволичната надворешна политика на официјална Атина. Крајно време е Грција да се однесува

согласно одговорностите и привилегиите што ги има како член на НАТО Алијансата. Оттука,

сосема очекувано е Барак Обама да испрати директни пораки кон Алексис Ципрас, а кој се

однесуваат кон заштита на стратешките приоритети на САД во регионот. Влезот на Македонија

во НАТО Алијансата е несомнено еден од тие приоритети што е уште една потврда дека САД се

нашиот најголем стратешки сојузник.

САД ја има признаено Македонија по уставното име и се веќе уморни од блокадите на

официјална Атина со кои ги држат во заложништво Евроатланските интеграции на Татковината.

Секоја нова закана и уцена со барање за промена на Македонското свето име и идентитет

придонесува се поголем број на члеки на ЕУ и НАТО да стануваат свесни дека Грчките политички

елити неправедно ја блокираат Македонија, што е потврдено и со пресудата на Меѓународниот Суд

во Хаг.

Нема сомнеж дека за Грчките иредентисти и националисти дуваат лоши ветришта. Историската

победа на г-дин Доналд Трамп дава нова надеж за Македонија и Македонскиот народ. Г-динот

Марк Барнс, како негов советник, соопшти дека ново избраниот Претседател на САД многу добро

е запознаен со ирационалниот спор кој Грција и го има наметнато на Македонија. Доналд Трамп ќе

ја заштити Македонија јасно порачувајќи дека на Македонците никој не смее да им го смени името

и идентитетот затоа што се родени како Македонци и ќе продолжат да живеат и да се именуваат

како Македонци.

Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува лидерите на најголемите политички партии,

пред почетокот на кампањата за изборите, сите заедно, во овие значајни моменти, да соопштиме

дека во Татковината постои единство и дека ниту еден лидер или политичка партија нема да се

согласи за промена на Уставното име и Македонскиот национален идентитет.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

228

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!