05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 11.11.2015

СООПШТЕНИЕ ЗА ЕВРОПСКИОТ

ИЗВЕШТАЈ ЗА НАПРЕДОКОТ

НА МАКЕДОНИЈА

P

ретседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод објавениот

годишен Извештај на Европската Комисија за напредокот на Ре пуб лика

Македонија, го соопштува следното:

Македонската Алијанса го поздравува опстојувањето на Татковината на стратешкиот

колосек, кое е верификувано и констатирано и со последниот Извештај на Европската

Комисија. Без разлика што е условена, фактот што Македонија добива седма по ред

препорака за отпочнување на преговорите со Европската Унија, всушност е исполнување на волјата и желбата

на големиот процент на граѓани кои ја гледаат иднината преку Евроатланските интеграции на земјата.

Се разбира, и овој Извештај во голема мера не се разликува од претходните, по прашањето на политиките на

блокади, уцени од официјална Атина, поврзани со ирационалниот спор кој веќе со децении ни е наметнат од

нашиот јужен сосед, заради што е блокирано нашето членство во Европската Унија.

Извештајот недвосмислено посочува дека разрешницата на политичката криза, преку исполнување на сите

превземени обврски од политичкиот протокол од „Пржино“, се наметнува како формален услов за задржување

на патот на Европските перспективи. Препораката е јасна, во Македонија на 24 април, е неопходно да се одржат

фер, слободни и демократски предвремени парламентарни избори, а резултатот ќе мора да биде прифатен од

сите политички партии, со што конечно ќе се расчистат сите сомнежи и обвинувања за наводни изборни

нерегуларности.

Клучните политички фактори треба да ги земат предвид и критиките кои се нотирани во Извештајот и преку

соодветни институционални реформи да се создадат предусловите за понатамошен демократски развој на

Татковината. Дополнително, за да се расчистат различните партиски толкувања на констатациите содржани во

Извештајот за таканаречените “бомби“, кои ги објавуваше опозицијата, сметаме дека Специјалното Обви нителство,

а особено Судот, во конкретните случаи мора во објективна и непристрасна постапка, подеднакво да ги

расчистат и околностите под кои е прислушувано, но и сите евентуални индиции за наводно сторен криминал.

На таков начин граѓаните ќе ја вратат довербата во Државните институции.

Конечно, изразуваме загриженост за наметнувањето на уште една забелешка во Извештајот на Европската

Комисија, а која упатува на некаква анализа на Охридскиот Рамковен договор.

Македонската Алијанса предупредува дека секој нов обид за суштинско, институционално или регионално

редефинирање на меѓуетничките односи, ќе ја втурнат Татковината во уште посериозна

и далеку подраматична политичка криза. Рамковниот договор од 2001 година, одамна е преточен во

амандмани кои се составен дел од Уставот на Република Македонија. Секое преиспитување на овој договор

неминовно ќе води кон отворање на прашањето на нашиот Уставен поредок, што е апсолутно не дозволиво.

Ние силно веруваме дека Македонската демократија има потенцијал сите евентуални уназадувања

во развојот на мултиетничките општествени процеси, да се решава без нови тензии и ис клучиво

низ внатрешен политички дијалог на принципиелни основи.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

107

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!