05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 25.06.2015

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПОСЕТАТА

НА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА

МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

НА ГРЦИЈА НИКОС КОSИАС

P

ретседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Ата на сос ки, во врска со вчерашната

прва билатерална посета на Република Македонија од страна на Министер за

надворешни работи на Грција, на која беа усогласени 11 таканаречени мерки за

градење доверба и унапредување на добрососедските односи, го соопш тува следното:

Македонската Алијанса и јас лично во името на Македонската дијаспора, уште пред

неколку месеци, кога прв пат се спомена Грчкиот предлог за таканаречените мерки за

градење доверба, повикавме на претпазливост во пристапот кон овој очигледен маневарски потег на официјална Атина.

Ние не сме против градењето на добрососедски односи со Грција, но само ако таквите чекори се взаемни, искрени и ја

одразуваат реалноста на двете земји. За жал, сите конструктивни чекори и отстапки од Македонска страна, во последните

25 години се злоупотребени и тоа од речиси сите политички елити во Грција.

Прво, посетата на Никос Коsиас на Македонија доаѓа во исклучително тежок период за Грција, бидејќи Грција се уште

нема постигнат договор со кредиторите од ЕУ за долговите. Уште кога прв пат беа споменати таканаречените мерки за

доверба, сметавме дека офи цијална Атина во замена на конкретни економски потези, со лажна конструктивност кон

Македонското прашање, ќе им се умилкува на своите кредитори за да се спаси од банкрот.

Второ, таканаречените мерки за доверба кои се наменети за подобра економска, техничка и културна соработка,

отворање на нов граничен премин во Преспа, „Маркова Нога“, договор за воспоставување на железничка врска со

Битола, договор за избегнување на двојно даночување, се всушност истите мерки кои Македонија и ги предложи на

Грција уште пред неколку години.

Тогаш официјална Атина го одби предлогот со оцена дека прво треба да се реши името за да се создаде атмосфера за

доверба и соработка, а сега новиот Министер за надворешни работи, Никос Коsиас не само што сака да ги присвои и

претстави како конструктивен предлог на Грција, туку мислат дека Македонските граѓани имаат слаба меморија. Тоа е

лицемерие и ништо друго! Трето, ставовите на Коsиас, изнесени при неодамнешната посета на САД, каде уште еднаш ја

обвини Македонија за наводен иредентизам, е уште една јасна потврда дека без разлика од која политичка партија

доаѓаат, Грчките политички елити не сакаат да се откажат од својата ирационална политика кон Македонија, бидејќи се

плашат дека на таков начин ќе ја изгубат довербата на своите гласачи.

Новиот Грчки министер за надворешни работи, можеби не е член на Сириза, но затоа е идеолог на сите политики

на нивната левица. Според тоа, убеден сум дека таканаречените пакет мерки за градење доверба не се ништо друго

туку замка на истиот Грчки „волк“, кој сега заради своите дневно политички потреби облекол јагнешка кожа.

Нашата Татковина е жртва на блокадите и уцените на Грчките политички елити, кои бараат промена на

Македонското име и идентитет за членство во ЕУ и НАТО Алијанса. Македонската Алијанса смета дека е неопходно

прво самите Грчки политичари да си спроведат внатрешно политички мерки за доверба кои ќе им ги сменат нивните

погрешни националистички политики кон Македонија, несвојствени за земја членка на Европската Унија.

Македонската надворешна политика мора да опстои цврсто на ставот дека за промена на вековното Македонско

име и Македонски идентитет нема никогаш да преговараме. Македонскиот народ никогаш нема да се согласи да ја

плати највисоката можна цена, со своето обезличување да ги исполни крајно понижувачките услови за да ги оствари

своите стратешки Државни цели – полноправното членство на Татковината во Европската Унија и НАТО Алијансата.

Ние како претставници на дијаспората сме силни подржувачи на членството на Македонија во Европската

Унија, но исто така цврсто веруваме дека постои алтернатива за Македонија, тоа е големото сојузништво со нашиот

стратешки партнер САД, кој секогаш ја обезбедувал иднината на нашата Таковина и народ.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

53

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!