05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar 20.12.2017

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЗА ИНТЕРВЈУТО

НА НИКОС КОSИЈАС ЗА ЕРТ

V

о

врска со интервјуто на шефот на Грчката дипломатија Никос Коsијас за нивната Државна телевизија

ЕРТ, каде ги соопшти ставовите во врска со прашањето за името, Претседателот на

Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Од интервјуто на Никос Коsијас може да се заклучат неколку работи за кои подолг период Македонската

Алијанса јавно говори.

Прво, Никос Коsијас го покажува најголемиот страв на официјална Атина – бројот на земји кои ја

имаат признаено Република Македонија под Уставното име. Индиректно, тој признава дека Грција

има проблем што нивната децениска блокада за нашите Евроатлански интеграции предизвикува

Македонија да добива се поголем број на сојузници кои сфаќаат дека позициите на Атина се ирационални. Едноставно, 142-те

земји, меѓу кои САД, Русија и Кина, 3 од 5 постојани членки на Советот за безбедност на ООН, кои не признаа како Република

Македонија, се нашето најголемо и најмоќно оружје.

Второ, ставот на Никос Коsијас дека сите во ООН се обврзале да ја сменат својата одлука за употреба на нашето Уставно име

доколку се постигне компромис за друго име, упатува на заклучокот дека Грција до крај ќе инсистира да се најде ново име за

севкупна употреба што ќе значи и барање до нас да се смени Уставот. Не случајно шефот на Грчката дипломатија вели дека „не

можело во личната карта да стои едно, а во пасошот друго име“. Колку Грчките позиции се ирационални говори фактот

што Никос Коsијас аргументира „на што земјите членки во ООН се обврзале“, а заборава дека Грција со Времената Спогодба од

1995 која се потпиша под покровителство на ООН, се обврза да не ги блокира нашите Евроатлански интеграции. Тоа е

практицирање на веќе видената Грчка политика на двојни аршини на дело!

Секојдневно се потврдува дека Македонската Алијанса е во право кога тврди дека сервилната надворешна политика не

вродува со плод. Напротив се злоупотребува. Бадијала јавно се понижуваат Премиерот Зоран Заев и Министерот Никола

Димитров. Актуелната Влада може да преименува аеродроми, автопатишта, да отстранува споменици, да менува учебници по

историја, да се откажува од античките корени, да ги исполни Грчките хирови, но официјална Атина нема да попушти од својот

став – без променето име и откажување од Македонскиот идентитет, нема решение за спорот, ниту членство во ЕУ и НАТО

Алијансата. И некоја друга Влада претходно смени Устав, знаме се откажа од сонцето на Кутлеш, прифати срамна привремена

референца ПЈРМ за да обезбеди прием во ООН, направи многу крупни отстапки на штета на Македонскиот народ, а Грција не

отстапи од својата ирационална политика на блокади и закани.

Македонската Алијанса уште еднаш апелира за преземање на итни чекори кои ќе ја прекинат спиралата на са моуништување

во која Македонија е втурната. Пред да биде предоцна, треба да се преземат следните чекори:

1. Времено прекинување на преговорите за спорот за името со образложение дека бараме прво да се спроведат

меѓународните норми како гаранција дека меѓународното право ќе се почитува безусловно. Грција како осудена земја од

Меѓународниот Суд во Хаг, да ја спроведе пресудата и во согласност со меѓународното право да ги одблокира Македонските

Евроатлански интеграции.

2. Актуелната Влада наместо да предлага ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија веднаш да се повлече

од таа екскурзија бидејќи Бугарската страна и со одредбите во Договорот и со постапките на нивните политики првенци во

изминатиот период потврдува дека свесно, намерно и со умисла го оспорува Македонскиот национален идентитет.

3. Законот за воведување на двојазичност да биде повлечен од Собраниска процедура бидејќи решенијата кои евентуално

би стапиле на сила се противуставни и го загрозуваат Македонскиот идентитет од внатре по Грчки терк. Се додека не се

спроведе законски попис прашањето за проширување на опфатот на употребата на Албанскиот јазик се замрзнува.

Владата и актуелниот состав на Македонското Собрание се на потег. Ако партиите кои во моментот имаат свои

претставници во законодавниот дом не ја разбираат опасноста со која се соочува Татковината ќе бидат директни

извршители или соучесници кои со гласање или молчење ќе се обидат да сторат велепредавство во неколку чекори.

Единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е Македонскиот народ. Ниту еден лидер, партија или

коалиција не е поголема од иднината на нашата Татковина!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

393

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!