05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar 24.08.2016

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО

МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ

B

ез да се ставам во улога на адвокат на организацијата Обединета Македонска Дијаспора

и нејзините раководни органи, за кои верувам дека се способни самите да ја заштитат

организацијата што ја претставуваат, чувствувам за неопходно да го соопштам својот став во

врска со крајно понижувачката јавна препирка со економскиот промотор на Македонија во

САД, што оди на директна штета на интересите на Татковината и целиот Македонски народ.

Овој пат нема својот став да го соопштувам во името на Македонска Алијанса или како

основач на Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“, туку како човек кој повеќе од четири

децении живее и работи во САД, а кој никогаш не ја заборави Татковината и своите корени и народ, основајќи, членувајќи

или раководејќи со многу Македонски организации во Дијаспората.

Искрено се надевам дека мојот личен и професионален кредибилитет да говорам во името на целата Македонска

Дијаспора не е спорен. Претпоставувам дека деновиве наметнатиот „критериум“ за единица мерка кој колку е „вистински

патриот“ и си ја сака Татковината, со инвестициите на моето семејство во Македонија е исполнет, и тоа ми дава за

право скромно себеси да се доживеам како патриот. Чисто, за оние кои водат евиденција, само во родниот Прилеп, со

инвестициите во „Жито Прилеп“ и комплексот „Сонце – ГА“, во чиј склоп има хотел, ресторан, отворен базен и бензиска

пумпа, вработени се повеќе од 250 Македонци. Уште од далечна 1994 година, го ко - финансирам и организирам

печатењето на првиот светски неделник на Македонски јазик „Македонско Сонце“, како независен медиум. Ја

финансирам изградбата и развојот на ТВ „Сонце“, која од 2008 година има концесија за национална сателитска телевизија

и емитува сопствена програма од изворно Македонско потекло. Помагам на речиси сите медиуми од Дијаспората кои

се посветени на афирмацијата на Македонските национални вредности. Моите донации и хуманитарни активности во

Македонија и регионот никогаш не сопреа. Она на што особено се гордеам што успеав мојата љубов кон Македонија да ја

пренесам на своите деца. Мојот најмал син, Николас, кој е роден во САД, одлучи да живее и работи во Прилеп, родниот

крај на својот татко. Тоа е мојот најголем влог за Македонија. И не застанувам тука, продолжувам понатаму.

Дали ова ме прави поголем Македонец од другите? Не, и крајно погрешно е да се води дебатата во оваа насока. Длабоко

сум убеден дека е погубно љубовта кон Татковината и патриотизмот да се мерат со висината на вложеното. Бев во

Македонија кога се случи трагедијата и кога поплавата однесе човечки животи и смени судбини на многу луѓе. Донирав,

преку мојата Фондација, тоа што мислев дека во моментот е најпотребно. Никогаш во животот не сум правел работи за

да се допаднам некому, туку во рамките на моите можности да направам нешто добро за мојата Татковина и народ. Дали

може повеќе? Може и треба, токму затоа се трудиме да бидеме пример за сите останати, особено за новите генерации

Македонци кои доаѓаат.

Искрено, од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу САД и Македонија, сум имал и имам одлични релации со

Македонската Амбасада и нејзините претставници. Берувам дека оваа одлична пракса ќе прдолжи и во иднина. Сепак,

ова што се случува деновиве го нарушува угледот на Македонската дипломатија и за жал потврдува дека и после 25

години независност не сме ја научиле лекцијата за единство и градење мостови. Длабоко во себе сакам да верувам дека

младиот г-дин Ристиќ направил гаф, водејќи се од некои свои лични убедувања или евентуално некое негово негативно

искуство. Особено што лично сум имал позитивно искуство од средбите со него и залагањата да обезбеди инвестиции

за Македонија. Но, навредите упатени генерално кон сите Македонски иселеници од позиција на Државен претставник е

недозволиво и оди на директна штета на стратешките интереси на Татковината.

Сега, Државните институции се на потег. Тие мора да се стават на страната на сите знајни и незнајни Македонци

во светот, кои секогаш биле подготвени да жртвуваат многу за Македонија и Македонскиот народ. Така постапуваат

сериозни Држави кои сакаат да одржуваат одлични врски со своите иселеници. Од овој скандал треба да сите да

извлечеме поука, и во иднина сите евентуални недоразбирања да се решаваат цивилизирано, на достоинствен начин, без

јавни препирки кои не се добри за угледот на Татковината.

Со почит,

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

195

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!