05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 01.03.2017

ЈАВЕН ПОВИК ЗА МАКЕДОНСКО

НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ

Z

емајќи

предвид дека политичката криза се продлабочува чиј епилог може да предизвика

катастрофални последици за Република Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го упатува следниот повик:

Македонската Алијанса смета дека е крајно време долготрајната политичка криза да заврши и

Македонија да се врати на својот стратешки колосек за обезбедување на сигурна иднина. За жал,

најодговорните политички партии во Татковината свесно или несвесно го изместуваат фокусот и

причините поради кои нашата заедничка Држава ја тресе долготрајна политичка криза.

Да бидеме на чисто, кризата никогаш не започна заради меѓуетничка нетрпеливост, туку мотивот беше

обезбедување на сите предуслови за одржување на фер и демократски избори кој ќе бидат признати од сите

внатрешни фактори, но и од меѓународната заедница и целосно расчистување на скандалот со прислушувањето.

Следствено на овој ноторен факт, во политичкиот договор од „Пржино“, ниту една политичка партија не превзема

обврска да прифаќа, усвојува и исполнува некаква Платформа на Албански партии, склопена во Тирана, која со самото

објавување кога цел Македонски народ прославуваше Божиќ се доживеа како провокација и свесен обид кризата да

се префрли на етничко поле со катастрофални последици за иднината на Татковината.

Македонската Алијанса го почитува демократското право да се изразува протест, но најостро го осудуваме

насилството и сметаме дека е неопходно веднаш да се смират страстите пред работите да отидат предалеку.

Крајно време е лидерите на најодговорните Македонски политички партии да преземат конкретни, јасни и

директни чекори со кои без калкулации и резерва ќе се стават во одбрана на суверенитетот и националниот идентитет

на Татковината и Македонскиот народ. Дојден е моментот да покажеме дали умееме да се издигнеме над суетите,

тесно партиските интереси и на дело да покажеме дека знаеме да се обединиме за иднината на нашата заедничка

Татковина.

Првиот фундаментален чекор е да се обезбеди Македонско национално помирување заради заштита на интересите

на Македонскиот народ и отфрлање на сите уценувачки и понижувачки барања содржани во Платформата на

Албанските партии која во суштина брутално го гази Охридскиот Рамковен договор и ги потценува сите досегашни

придобивки од него. Барањето на Албанските партии за целосна еднаквост на двата народа има логика да се

разговара само откако претходно ќе се спроведе попис, кој упорно се избегнува бидејќи некој се плаши од резултатот

и вистината.

Македонските политички лидери треба веднаш заеднички да организираат средби со нашите сограѓани Албанци

и да ги уверат дека ние сме за соживот и сакаме заеднички да ја градиме иднината на Македонија, на принципиелни

основи, со меѓусебна искрена почит и разбирање. Токму во средините каде доминантно живеат Албанци,

Македонските лидери треба заеднички да ги уверат нашите сограѓани дека се борат за вистински граѓански концепт и

дека нема никаква потреба од зголемување на поделбите.

Македонските политички партии мора неодложно да се усогласат и да соопштат дека никој нема по ниту една

цена или притисоци да прифати да разговара и преговара за промена на Уставното име и Македонскиот национален

идентитет. Албанските политички партии, чии Министри за волја на вистината, раководеле и со клучните ресори за

Евроатланските интеграции на Македонија, ќе имаат легитимитет да бараат дополнително активно учество во спорот

за името со официјална Атина, тогаш кога исто така сложно ќе побараат од Албанија да го признае нашето Уставно

име.

Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува најодговорните Македонски политички лидери да бидат на

висината на задачата, да бидат целосно свесни за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат

за секој нивен потег во наредниот период. Секоја нивна евентуална одлука која ќе биде спротивна на националните

интереси, ќе значи велепредавство на Македонскиот народ!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

261

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!