05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

15.06.2016

Komentar

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ПО ПОВОД СРЕДБАТА

НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА

ЗАЕДНИЦА СО МИНИСТЕРКАТА ЗА НАДВОРЕШНИ

РАБОТИ НА АВСТРАЛИЈА, ЏУЛИ БИШОП

P

о повод средбата на претставниците на Македонската заедница со министерката

за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, која на иницијатива

на големиот пријател на Македонија, пратеникот Дејвид Колман, се одржа во

Сиднеј, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го

соопштува следното:

Во името на целата Дијаспора изразуваме благодарност за иницијативата на пратеникот

Дејвид Колман, кој како голем пријател на Македонија и Македонскиот народ, во неколку наврати во

Австралискиот Парламент го покренува прашањето за признавање на Уставното име на нашата Татковина.

Без разлика што министерката Џули Бишоп покажа почит кон Македонската заедница и на непосредна

средба ја образложи надворешната политика на Австралија за прашањето за името, не можеме да бидеме

задоволни од моменталните позиции на Австралиската Влада. Ставот дека Австралиската Влада се води од

официјалната политика на ООН и дека нема да има поместување додека Скопје и Атина не најдат

решение, не е никаква позиција, туку манифестирање на страв од Грчката Дијаспора која е многубројна во

Австралија.

Се уште е свежо сеќавањето од честитката со која Премиерот на Австралија, Малколм Турнбул, на Грчката

Дијаспора и го честиташе Велигден, непотребно правејќи разлика, а со тоа и поделба меѓу повеќе и помалку

значајни православни христијани, која очигледно зависи од бројноста на различните заедници во Австралија.

Можеби Грчката Дијаспора е голема во Австралија, и заради своите изборни гласови е значајна за

Австралиските политичари, но тоа не значи дека другите заедници како Македонската се помалку влијателни.

Министерката Џули Бишоп треба да биде свесна дека веќе подолг период, актуелни се повеќе иницијативи

со кои Австралиските политичари на различни нивоа, јавно се заложија и побара нивната Влада да ја признае

Македонија под Уставното име и да се обезбеди брз прием во НАТО Алијансата. Подршката на Потпретседателот

на Парламентот на Нов Јужен Велс, Фредерик Џон Наил, претходно од пратениците на Федералниот Парламент

на Австралија, Стивен Џонс, Лук Симпкинс и Алана Мектиернан, беа мотивација за Македонската

заедница во Австралија, да покрене конкретна иницијатива.

Македонската Алијанса, во неколку наврати има потенцирано дека Австралиската надворешна политика

треба да го следи примерот на Соединетите Американски Држави, кои уште во 2004 го признаа Уставното

име на нашата Татковина. Без разлика на големата и влијателна Грчка дијаспора во САД, нашите стратешки

сојузници и пријатели, како постојани членки на Советот за безбедност при ООН, одлучија да го подржат

Македонскиот народ.

Македонската заедница во Австралија не треба да се обесхрабрува од моменталните неутрални и внимателни

позиции на Владата, искажани преку Џули Бишоп. Наша највисока патриотска должност за сите нас

е да застанеме во одбрана на нашето суверено универзално демократско право, да бидеме Македонци од

нашата Република Македонија.

Македонската Дијаспора мора да биде единствена, секогаш

кога станува збор за иднината на Татковината.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

174

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!