05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Komentar 08.06.2017

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

ЗА ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР

ЗАЕВ - ЦИПРАС

P

о

повод телефонскиот разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, а во

врска со лиферувањето на одредени информации за темите и содржината на она што

било разговарано половина час, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија

Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Во рамките на демократската пристојност, а воедно и во духот на градење на добри

билатерални односи, добро е да постои комуникација меѓу Македонскиот и Грчкиот

Премиер. Сепак, она што дополнително загрижува е што освен честитките кои Ципрас му ги

упатил на Заев, Грчкиот Премиер не пропуштил да ги повтори веќе познатите црвени линии за спорот за името. Ова

воопшто не оди во прилог на преголемите очекувања кои веќе подолг период се подгреваат дека после изборот на

новата Влада на Зоран Заев, официјална Атина ќе биде принудена да се повлече од своите радикални барања и уцени.

Во таа насока „конструктивноста“ на Зоран Заев, кој во своето интервју на јавниот сервис, изјави дека новата Влада

нема да ја провоцира Грција како во минатото со поставување споменици, преименување на автопатишта и аеродроми,

е крајно непотребна и понижувачка за нашата меѓународна позиција. Бидејќи, според новиот Премиер Зоран

Заев, реферирањето на античките корени на Македонскиот народ, било провокација за нашиот јужен сосед и одело на

штета на Македонија, Македонската Алијанса јавно прашува:

Дали е провокација од Грчка страна кога Прокопис Павлопулос од Воден, Солун, Костур, Сер од Егејска Македонија

која сведочи за историски огромната неправда која на Македонија и е нанесена со Букурешкиот договор, тврди дека

ние како Држава шириме иредентизам и не смееме да го користиме името Македонија?

Дали за Премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров е провокација кога Панос Каменос, кој е министер во

Владата на Алексис Ципрас, бара името Македонија да не биде содржано во евентуалното решение за спорот за името?

Или кога речиси сите политичари во Грција се едногласни во непризнавањето на постоењето на Македонци во Грција?

Македонија 26-та година е цел на оркестриран напад од сите владејачки гарнитури на нашиот јужен сосед. Некои

Грчки политичари цели свои кариери изградија со средновековен иредентизам по прашањето на спорот за името.

Македонија направи многу болни отстапки, прифати срамна референца БЈРМ, смени Устав, смени знаме, склучи

Времена Спогодба и покрај сите понижувачки и штетни отстапки се уште е во чекалната на ЕУ и НАТО. Во 2008 во

Букурешт Грција реши да не ги почитува меѓународно преземените обврски и со вето го блокираше нашиот влез во

НАТО Алијансата.

Аман, доста е! Доста веќе понижувања и повлекувања! Доста е од праксата наши Македонски политичари да

чувствуваат вина или јавно да демонстрираат каење, мислејќи дека така ќе ја одоброволат Атина. Тоа е веќе

пробано и очигледно е дека не функционира!

Ние не бараме ништо на подарок. Нашите меѓународни сојузници треба конечно да обезбедат официјалната

Атина, како осудена земја, да ја прифати и спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Македонија така веднаш

ќе стане членка на НАТО Алијансата, што ќе ги релаксира внатрешните состојби и ќе обезбеди стабилност во регионот.

И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, како најодговорни Македонски политички фактори, треба конечно да сфатат дека во овој

чувствителен период за нашата заедничка Татковина, на нашата надворешна политика не и потребна сервилност, туку

консензус за прашањата од национален интерес.

Домашната, но и на целата меѓународна јавност, треба да знае дека без разлика на сложените внатрешни политички

односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Татковината никогаш нема да се согласи да

преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и идентитет.

Само на таков начин ќе се создадат предуслови за конечното остварување на вековниот сон за обединета,

силна и економски просперитетна Татковина!

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

299

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!