05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

V

о

28.10.2016

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Komentar

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА

ИНЦИДЕНТОТ НА ГРЧКИТЕ

ПОГРАНИЧНИ ВЛАСТИ СО

СЛАВКО МАНГОВСКИ

врска со најновите провокации од Грчките погранични власти кои на преминот

Меџитлија/Негочани му забраниле влез на Славе Манговски кој е меѓународен

координатор на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП),

Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува

следната писмена реакција:

Македонската Алијанса најостро го осудува срамното однесување на Грчките

власти, кои надвор од нормите на Европското закондавство, насилнички и своеволно си направиле

таканаречена црна листа на непожелни Македонци, која во зависност од дневно политичките потреби на

нивниот радикализам, од време на време се проширува.

Со одлуката да се забранува влез на Македонци со двојни државјанства, само заради тоа што

на некаков начин се поврзани со децата бегалци од Егејска Македонија или ги бранат правата на

Македонците кои живеат таму, Грчките власти уште еднаш прават директен и брутален атак на основните

вредности и принципи на кои е основана Европската Унија.

Што е „гревот“ на Славе Манговски? Тоа што ја зборува вистината, дека една земја членка на ЕУ како

Грција го негира и повредува правото на самоопределување, правото на име и сопствен национален

идентитет на Македонија и Македонскиот народ? Затоа што бара од официјална Атина да ги почитува

Конвенциите за човекови права и да го признае постоење на Македонски народ?

Провокацијата на Грчките погранични власти е уште поголема затоа што Славе Манговски поседува

Американска патна исправа и според официјалното известување на Грчките погранични власти, тој не

сторил никаков инцидент.

Ова не е прв пат! Претходно, во април оваа година на нашата меѓународно позната музичка група

„Љубојна“ своеволно и дрско и беше забранета посета на Воден и учество на прославата на весникот

„Нова Зора“ иако само неколку дена претходно истата група учествуваше на Балкан Фест во Солун.

На мене лично пред три години Грчките власти ми забранија влез заради тоа што во мојот

Американски пасош стои Уставното име на Татковината, за што официјално го информирав Стејт

Департментот.

Македонската Алијанса дава силна поддршка на Македонците од Егејска Македонија. Јаловиот

Грчки национализам не може да ја смени историјата и да го избрише постоењето на Македонија и

Македонскиот народ.

Ние како Држава мора јасно да ставиме до знаење дека нема да останеме неми на ваквите испади и

провокации кои наместо да ги унапредуваат, ги уназадуваат односите меѓу двете соседни земји. Уште

еднаш ги повикуваме сите релевантни политички партии во Татковината да застанат зад иницијативата

официјално да се замрзнат сите разговори за таканречените мерки за доверба се додека официјална

Атина не го смени својот негаторски и понижувачки однос кон Македонија.

Македонската Алијанса го повикува Алексис Ципрас јавно да се огради од ваквите постапки на

Грчките гранични власти. Заедно со официјално извинување за сите испади на Павлопулос, Коsиас и

Каменос, Грчкиот Премиер ќе покаже дека растечкиот средновековен иредентизам кон Македонија не е

државна стратегија на Грција.

Македонската Алијанса ја повикува Европската Унија да стави крај на неодговорното однесување

на Грчките власти кои со листата на непожелни Македонци, кои дури имаат пасоши од САД, Канада и

Австралија, прекршуваат повеќе меѓународни конвенции.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

220

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!