05.01.2019 Views

Samo sonceto e postaro od Makedonija II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

Samo sonceto e postaro od Makedonija kniga II

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Komentar 24.08.2017

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА

ЗА НОВАТА ПРОВОКАЦИЈА

НА ПАВЛОПУЛОС

V

о врска со приемот на кадетската женска ракометна репрезентација на Грција од Грчкиот

Претседател Прокопис Павлопулос, кој го подржа нивното повлекување од натпреварот на Европското

првенство со репрезентацијата на Македонија, затоа што на дресовите пишува Македонија,

упатувајќи честитки дека со тој потег ја одбраниле нивната Татковина и спорт, притоа

повторно обвинувајќи ја Македонија за иредентизам и фалсификување на историјата, Претседателот

на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реак ција:

Додека Владата на Република Македонија и Никола Димитров се уште се мислат како да од реагираат

на скандалозното соопштение на Грчкото МНР од минатата недела а да не случајно го налутат Никос Коsиас па евентуално

ја откаже посетата на Македонија на крајот на август, Прокопис Павлопулос не запира и смислено продолжува со

своите скандалозни провокации.

Ако Грчкото МНР се обиде повторно да злоупотреби редовен годишен настан на Македонската заедница во Торонто, за да

се обиде да ја претстави официјална Атина за жртва и да ја обвини Македонија за прекршување на Времената Спогодба, тогаш

како Македонското МНР да го толкува приемот кој го организираше Павлопулос за нивните ракометарки кои непотребно ја

замешаа политиката во спортот? За исмевање на таканаречените мерки за градење доверба?

Што не се изнаслушавме како навреди, закани и понижувања на Македонскиот народ од Каменос, Коsиас и Павлопулос?

Лидер на Грчкиот иредентизам е Прокопис Павлопулос кој во серија и со умисла го провоцира Македонскиот народ и директно

работи на влошување на добрососедските односи избирајќи намерно од Егејска Македонија, од Воден, Солун, Костур, Сер кои

сведочат за историски огромната неправда која на Македонија и е нанесена со Букурешкиот договор, да тврди дека Македонија

не постои. Срамно е веќе Павлопулос да повторува една иста теза за наводен Македонски иредентизам и да не обвинува нас

за наводно фалсификување на нашата историја, кога од 1913 заради нивната асимилаторска политика се променети сите

Македонски топоними во Егејска Македонија што е најчист историски факт за постоењето на Македонија и Македонскиот

народ. Изјавите и провокациите на Павлопулос треба да се стават во Грчките учебници како школски пример за тероризирање

на соседски народ.

Македонската Алијанса уште еднаш ја повикува новата Влада во Татковината да не води сервилна политика

кон соседите. Токму во пресрет на посетата на Коsиас ние како Држава треба да ги разобличиме Грчките евтини

трикови. Македонија не шири иредентизам и не ја прекршува Времената Спогодба. За Грција постои пресуда

Меѓународниот Суд во Хаг, а за Македонија редовни хистерични напади од нивните Грчките политичари.

Минатонеделното скандалозно соопштение на Грчкото МНР во комбинација со најавите дека Коsиас наводно ќе ја

откажел најавената посета на Македонија, последната провокација на Павлопулос ја потврдува суровата реалност дека

официјална Атина воопшто нема намера да се откаже од своите радикални барања, уцени, блокади и закани насочени кон

принуда да се откажеме од името и идентитетот. Тоа треба да ни влезе во глава еднаш засекогаш!

Не случајно оценивме и предупредивме дека „конструктивноста“ на новата Влада која во своите први медиумски

настапи смислено најави дека нема да ја провоцира Грција како во минатото со поставување споменици, преименување

на автопатишта и аеродроми, е крајно непотребна и понижувачка за нашата меѓународна позиција. Владата на Зоран

Заев и Никола Димитров може уште сто пати да изјавува дека нашето реферирање на античките корени на Македонскиот

народ било провокација за нашиот јужен сосед и одело на штета на Македонија, но тоа ништо нема да смени!

Се додека сите заедно во Татковината не се охрабриме и одлучно не соопштиме дека без разлика на сложените

внатрешни политички и меѓуетнички односи, ниту една политичка партија, ниту еден лидер или политичар во Македонија

никогаш нема да се согласи да преговара или разговара за промена или откажување од најсветото Македонско име и

идентитет, соседите, а особено Атина, ќе ги користат сите прилики ќе продолжат да не понижуваат злоупотребувајќи ги

нашите внатрешни поделби.

Makedonska alijansa

Pretsedatel

\or|ija - Xorx Atanasoski

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

335

George Atanasoski

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!