You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
VI

стилови и регистри, додека пак дистрибуцијата на

други идиоми се ограничува само на одреден стил

или регистар. Во последниот, третиот стадиум, со постојана

употреба изразот поприма непроменлива

"скаменета" форма. Ваквите идиоми ги нарекуваме

вистински идиоми и кај нив, по правило, ниеден дел

не може да се замени, ниту да се внесе нов дел, ниту

пак да се измени нивниот збороред. Такви се, на пр.,

тури му пепел; тамам работа и др. Во вистински идиоми

спаѓаат и поговорките како, на пр., рибата в море, тавата

на оган; угоре високо, удолу длабоко и др.

Во Речникот се поместени и заглавни единици

кои не го достигнуваат третиот стадиум. Ваквите изрази

ги нарекуваме отворени идиоми и кај нив, барем

еден дел се појавува со своето основно, буквално или

нефигуративно значење и, во одредени случаи, истиот

може да се замени со друг дел со поинакова лексичка

содржина. Во оваа група спаѓаат идиоматски

изрази од типот: црна овца, црн викенд; жешко прашање,

жешка столица и др. Во Речникот исто така се

обработени и извесен број колокации кои, по својата

идиоматичност, се наоѓат на спротивниот крај од вистинските

и отворените идиоми и нивното вклучување

е оправдано од чисто педагошки аспект.

И причините за настанување и употреба на

идиомите се многубројни и разновидни. Меѓу другите,

секако е желбата на говорникот за впечатливо,

пластично, метафорично и атрактивно изразување.

Важна улога има и стремежот да се излезе од монотонијата

на дискурсот, да се избега од логичното кон

нелогичното, од обичното, општоприфатеното и баналното

кон необичното и апсурдното, од реалното

кон иреалното. He треба да се заборави и улогата на

сеприсутната тенденција во јазикот за економичност

на исказот. Од овој аспект, идиомот претставува кондензатор

par excellence бидејќи со неколку зборови се

искажува она што најчесто не може да се искаже и со

неко лку реченици. Меѓутоа, треба да се внимава да не