Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
Соодветства

ix

Македонските идиоматски изрази се протолкувани

со соодветни англиски изрази. Неопходно е веднаш

да се нагласи дека англиските еквиваленти најчесто

не можат едноставно да се пресадат во секој

контест во кој се јавува македонскиот пар. Ова се

должи на фактот што само мал дел од материјалот, од

семантичка, синтаксичка, стилистичкаифункционална

гледна точка, сосема се подудрува во обата јазика.

Има и такви изрази за кои во англискиот јазик не

постојат еквиваленти. Најчесто англискиот еквивалент,

барем во однос на еден од овие аспекти, се разликува

од македонскиот пар. Оттука произлегуваат

и нијансирањата во значењето и употребата на еквивалентинте

идиоматски изрази. Затоа, за секој македонски

израз, најчесто се даваат по два, три или повеќе

еквиваленти. Кој од овие изрази ќе се јави како

еквивалент зависи од поширокиот контекст на комуникацијата.

Знаци и ознаки

Некои заглавни единици имаат две или повеќе

варијанти со идентично значење. Во речников алтернативните

делови се изделени со коса црта. Така,

изразите не го фаќа место, не го држи место, во речников

се предадени на следниот начин: не го фаќа/држи

место.

Деловите на заглавните единици што можат да

се изостават се ставени во мала заграда. Тоа значи

дека идиоматскиот израз може да се јави со или без

деловите во заграда: (уште) мириса на млеко = мириса

на млеко; уште мириса на млеко; (ладен) како мраз =

како мраз; ладен како мраз.

Заглавните единици покарактеристични за говорниот

јазик и неформалниот стил се јавуваат со