23.11.2014 Views

Fiatal Szlavisták Budapesti Nemzetközi Konferenciája I.

Fiatal Szlavisták Budapesti Nemzetközi Konferenciája I.

Fiatal Szlavisták Budapesti Nemzetközi Konferenciája I.

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Дури и Прокламацијата на Наполеон објавена на Хрватска во 1809 година била напишана на германски јазик, а за

време на француската окупација законите биле објавени на француски јазик со германски и хрватски превод. Во 1814

година делови на Хрватска северно од Сава се приклучуваат на Австрија, со што се воведува германскиот јазик како

службен јазик и јазик на воената команда. Потоа се на Хрватска и се приспојуваат и области што и пришаѓале на

некогашната римска провинција Илирик (денешна Далмација и Панонија).

Во својот раст, германската колонизација, по повелкувањето на Турците, се проширила по северните области на

Сава и Дунав, во голем дел навлегувајќи територијата на Србија, па така германскиот културен карактер, кој овде бил

главно рурален значително се зацврстил и распространил на повеќе региони. Трговијата помеѓу Србите и Германците

на овие територии, била се почеста, па многу германски колонии настанле истовремено со проширувањето на српските

села и места. Така, речиси сите населени места во овие области имале обемно бројни германски малцинства: Нови Сад

(Neusatz) имал околу 6000 Германци, Панчево околу 10 000, Вршац (Versatz) 14 000, а Земун (Semlin) со Францтал

(Franztal) пак имал над 10 000 Германци. Зачестената трговска размена, т.е. трговија во Војводина придонела до

отворање на повеќе неделни градски пазари. Се поблиските односи на германското население со словенското на овие

простори, придонело за се посилно влијание на германската култура и германскиот дух кај Хрватите и Србите и

останатите блиски јужни словенски народи. Доказ за ова се огромниот број на германски заемки и фрази, кои најмногу

се навлезени и потврдени во српскохрватскиот јазик токму во овој период на германскиот односно српскохрватскиот

јазик (17, 18 и 19 век), На нив најмногу се концентрирав во ова истражување, и кои во поголем дел, се опишани и

објаснети понатаму во овој текст.

Србите коишто живееле северно од Дунав, на Србите јужно од Дунав, кои се познати како големи поборци и

чувари на српскиот јазик и литетратура, до ослободувањето од турскиот јарем, им пренеле многу германски заемки,

коишто се сочувани во писмениот јазик до ден денес. Па со ширењето на границите на Србија се ширела и писменоста

на српскиот јазик кон југ, со што значително се пренесувале и германизмите кон Македонија, Албанија, Бугарија.

Така, во нашава современа денешница, се уште може да се забележат на менијата во ексклузивните ресторани и

кафани во земјите на поранешна Југославија и Балканот многу германски специјалитети, како на пример шницла,

кнедла, вајсбратна, супа, виршли, парадајз и сл., за кои што ќе стане збор подолу.

2. Занаетчиство и облека

Најголемо влијание на германската култура се одразува преку германската материјалната терминологија, и тоа на

различни занаети. Бројот на ваквите заемки изнеува некоколку стотици, најчесто алати, разни предмети од

занаетчиството и земјоделството и производи. Во чевларскиот занает присутни се околу 70 стручни називи. Тоа е

поврзано веројатно со поновиот градскиот т.е. средноевропскиот модел на чевел, наспроти домашниот, народен

опинок. На сличен начин била и градската современ носија наспроти домашната, народна носија од рурален карактер.

Од поголемите па и помалите градови и места навлегва германското ткн. “švabsko odelo“ (Stadtstracht), на село, што

постепено ја истиснува селската носија, посебно машкиот стил на облекување кај народот. Терминологијата на

занетчиите (ткајачите, машките и женските облеки, алиштата итн.) содржи околу 110 германски заемки. Се работи за

фини методи на изработка како што се плетење или хеклање (самиот израз е германизам навлезен токму во овој

период), шиење, натопување и влажнење, рабење итн. Понатаму се појавуваат нови начини на украсување и

декорација: заоштрување, засукување, подрабување, појаси, заресување, ставање украсни ресички и останати

новитети, преку кои навлегувала посебно германската женска носија. Германското здолниште со елече, што на јужно

словенска страна ги надминало женската кошула со престилка и зубунот (Zubun, долг мантил без ракави, којшто

пример во некои западни македонски дијалекти денес се сретнува како забан – дебел волнен елек или џемпер), сукња,

мидер (повторно германизам од овој период), педваз за чело кај жените, долги ракави и сл. И кај машката облека исто

така има повеќе промени, т.е. нови делови, како што се шалварите, трегерите, спенсери (тесно припиени палта),

крагни и сл. Новини од гермнаско потекло во машката и женската облека и изгледот односно нова мода кај Србите и

Хрватите биле и чорапите, ластиците за чорапи и алишта, пантофлите, чизмите иглите за коса, шминката, очилата за

сонце, ладалото и сл. Германците им ги пренеле на јужните Словени и поедноставните начини за перење т.е. чистење

алишта, задржани и во општа употреба и денес: штиркањето (štrikati stärken), пеглањето (peglati bügeln), т.е.

ролањето (rolati rollen, посебно во БиХ). Неколку видoви на ткаенина биле исто така пренесени од Германците: somot,

kadife, pliš, tul, barhet и др. Во областа на облеката и текстилот, северозападните јужнословенски територии биле под

поголемо германско влијание отколку областите јужно од течението на Сава-Дунав, каде што германското влијание

продрело дури по целосното ослободување од турското ропство.

3. Јадења и пијалоци

85

Од јужната посебно баварската германска кујна од овој период, во српскохрватскиот се попримаат и профинети

начини на подготовка на јадења, специјалитети, за ова сведочат лексемите : pohovati, dinstovati, restovati, tenfati,

špikovati, filovati, faširati, glazirati, pacati и др. Бројните германски називи за нив, како што претходно споменав,

може да се препознаат и насекаде во угоститеството и домаќинствата кај повеќето јужно словенски народи и ден

денес: šnicla, rozbratna, ајmakac (Eingemachtes), špinat, rinflajš, hrenovke, viršle, krenviršle (кулинарски специјалитет

oд Баварија), šunka, knedla, nokla, nudla, kajzeršmarn (калк. carske mrvice), štrudla, zemička, kifla, mili(p)brot,

vekna, krofna, krafn и др.

Старословенскииот назив за гостилиница - крчма е заменет со турскиот mehana, kafana, на исток, ама на северозапад

се вкорениле германските заемки birtija, bircuz од герм. Wirsthaus; a и срхр. gostionica изгледа потекнува од герм.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!