21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Медиумите на немнозинските заедници во Македонија

ОСКУДНИ РЕСУРСИ, НИСКИ ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ И ЕТНО-

ПОЛИТИЧКИ КЛИЕНТЕЛИЗАМ

Автори: Игор Мицевски 154 , Снежана Трпевска 155 и Жанета Трајкоска 156

Апстракт

Предмет на ова истражување 157 е обемот и начинот на известувањето на медиумите

на етничките заедници во Македонија за сопствената и за другите етнички заедници

во земјата. Тоа особено се фокусира на мерата во која јавниот сервис ја исполнува

својата законска обврска да ги задоволува информативните, едукативните и

културните потреби на различните заедници и да дејствува како фактор на кохезија

во општеството. Истражувањето се потпира на анализа на содржина и на

длабински интервјуа со новинари, уредници, експерти и претставници на јавни

институции. Главниот заклучок е дека програмите на јавната телевизија дејствуваат

во насока на дезинтеграција, наместо во насока на кохезија на општеството.

Етничката хиерархизација и нерамномерната распределба на ресурсите меѓу

редакциите се главната карактеристика на Вториот сервис на МТВ. Во поголем дел

од известувањето доминира етноцентричен приод, а општите професионални

стандарди се на ниско ниво. Етничко-политичкиот клиентелизам придонесува за

широко распространета култура на автоцензура. Овие карактеристики се

однесуваат и на некои од комерцијалните медиуми, но нивното известување има многу

специфики – најзабележително кај нив е почестото користење извори кои не

припаѓаат на политичката елита. Меѓутоа, во најголем број случаи, ваквите извори

придонесуваат за етноцентрична наместо за граѓанска слика за општеството.

154 Игор Мицевски MSc е предавач на Високата школа за новинарство и односи со јавност (SJPR) во

Скопје. Магистрирал на Лондонската школа за економија и политички науки (LSE) на отсекот

Компаративна политика - Национализам и Етницитет. Мицевски има повеќегодишно новинарско

искуство, како новинар и продуцент на Светскиот Сервис на БиБиСи (BBC World Service) и како

политички уредник во неделниот весник Форум Плус.

155 Снежана Трпевска е доктор по социолошки науки во областа на приодот на мешаните методи и

неговата примена во истражувањето на медиумите и публиката. Таа предава Медиумско право и Методи

на истражување на медиумите и публиката на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од

Скопје. Од јуни 2011 година, таа ги води активностите на Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и

заемно разбирање формирана при Високата школа.

156 Жанета Трајкоска студирала новинарство и има завршено магистерски студии по Комуникации и

културна политика на Универзитетот LUMSA, Италија. Таа е директор на Високата школа за

новинарство и за односи со јавноста и виш предавач од 2008 година. Пред основањето на Високата

школа, седум години беше директорка на Македонскиот институт за медиуми. Меѓу 1993 и 2001 година

работеше како новинар во повеќе медиуми во Македонија.

157 Истражувањето го реализираше следниот истражувачки тим: д-р Снежана Трпевска, м-р Игор

Мицевски, м-р Марина Тунева, м-р Дејан Андонов, Славчо Миленковски, Џелал Незири, Едљира

Палоши, Хусамедин Гина, Есма Демировска и Елена Михаилова.

256

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!