21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

влашката заедница во земјата. Во програмскиот блок „Сканпео“ (Искра) редакцијата

главно се определила да емитува репортажи и интервјуа, кои се автентична продукција

на оваа мала редакција. Иако овие прилози не се аналитички, туку повеќе се промоција

на културата и достигнувањата на Власите во Македонија, сепак ова треба да се нотира

и издвои како позитивна тенденција. Исто така, иако редакцијата има само тројца

вработени (исто како бошњачката), и се соочува со истите проблеми во однос на

техничките ресурси и недостаток на обуки, сепак успеала над половина од снимениот

материјал да е актуелна снимка со тон. Но, сепак, како и за ромската редакција, и овде

главен заклучок е дека јавниот сервис во целина ја запоставил својата обврска да ги

задоволува информативните потреби на помалите етнички заедници во кои спаѓаат и

Власите во Македонија.

Редакцијата на српски јазик во програмскиот блок „Видик“ во најголем дел е

фокусирана на информации кои се однесуваат на Србите во Македонија, но и на

настани од Република Србија. Не се емитуваат класични вести, туку емисијата има

колажен карактер со прилози на различни теми, за историски важни настани или за

актуелни културни достигања на Србите од Македонија или од соседството. И во овој

случај, како и кај редакцијата на албански, турски и бошњачки јазик, се забележува

ставот за водење „дијаспорска“ уредувачка политика, се информира во голема мера за

случувањата во „матичната“ држава. Редакцијата всушност себе си се гледа во улога на

културен мост меѓу Србите во Македонија и матичната држава, и во промотор на

српските културни вредности и историја. Се инсистира во речиси сите прилози кои се

однесуваат на домашни настани да има српски соговорници. Сепак, како и кај другите

помали редакции, се чини дека и тука недостасува интерес за реалните проблеми на

македонските граѓани со српска националност што создава впечаток дека или овие

граѓани се целосно интегрирани во општеството, па не се препознаваат проблеми кои

се јавуваат по етничка линија, или пак дека редакцијата не ги третира објективните

проблеми. Првата теза е тешко веројатна ако се земе предвид дека имплементацијата на

Рамковниот договор од 2001 треба да се однесува на сите малцински заедници во

Република Македонија.

Редакцијата на бошњачки јазик „Сехара“ мошне малку известува за домашни

настани кои се однесуваат на бошњачката заедница во Македонија. Оваа редакција во

вестите во голем обем (42% од сите прилози) известува за настани од регионот, при

што најмногу за Босна и Херцеговина, гледајќи на неа како на „матична“ држава на

бошњачката популација во Македонија. Иако и овие теми може да најдат соодветно

место во информативните емисии наменети за заедниците, сепак ваквата пракса на

редакцијата на бошњачки јазик (но, и на албански, турски и српски јазик) не се

вклопува целосно во основната обврска на јавниот сервис да известува првенствено за

животните прашања што ги засегаат Бошњаците како граѓани на државата во која

живеат. Целосното отсуство на аналитички жанрови, сугерира дека и оваа редакција

практикува реактивно новинарство - односно само пренесува ставови од политиката

кон јавноста. Дури, не се забележани ни интервјуа во студио за кои не треба техничка

поддршка поголема од онаа која се добива за редовно снимање на вестите. Загрижува и

податокот дека за време на мониторингот се забележани само три авторски потпишани

текста. Тоа е премалку дури и за ваков тип на редакција и потребно е програмскиот

совет на јавниот сервис да се разгледа вистинските причините за таквата состојба и да

предложи мерки за надминување (финансиски средства, вработувања, обуки, техника и

др.)

Според укажувањата на поголем дел од интервјуираните соговорници, во Вториот

програмски сервис на МТВ постои своевидна „етничка хиерархизација“ поради која

редакциите на помалите етнички заедници им се организациски подредени на

310

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!