21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Негативните влијанија на пазарот силно ги почувствуваа и многу печатени

изданија на јазиците на заедниците. Првите дневни весници на албански (Флака) и на

турски (Бирлик) јазик згаснаа со неуспешната приватизација на НИП Нова Македонија.

Коха Диторе само неколку месеци објавуваше македонско издание, неделникот Лоби

на албански јазик функционираше неколку месеци, а истата судбина ја доживеа и

неговото дневно издание во предизборието во 2002 година. Истата година се појави и

набрзо згасна и двојазичниот весник на албански јазик Глобал. Неделникот Арена на

албански јазик (во издание на Коха) по кусо постоење престана да излегува во јануари

2011. Единствениот дневен весник на ромски јазик – Рома Тајмс, се објавуваше од 2001

до 2008 година.

Во секторот на печатените медиуми, во ноември 2012 година, во Македонија се

објавуваа четири дневни весници на албански јазик: Коха, Факти, Журнал и Лајм.

Нивниот тираж не надминува 10.000 примероци 172 . Од 2009 година, издание на

албански јазик има и неделникот Теа модерна. Од печатените изданија на другите

заедници, неделникот Заман излегува во тираж од 1.400 примероци, а со сличен тираж

е и другиот неделник на турски јазик, весникот Јени Балкан. Сите овие печатени

медиуми имаат и прилагодени онлајн изданија.

Онлајн информативните медиуми во Македонија се развија особено во

последниве неколку години. Во ноември 2012 година два онлајн портали објавуваа

информативни содржини на албански јазик: Алмакос и Порталб 173 . Не постојат онлајн

портали кои објавуваат изворни информативни содржини од Македонија на јазиците

на другите етнички заедници. За одбележување е и дека есента 2012 година во

Македонија започна да функционира и приватна информативна новинска агенција на

албански јазик ИНА (INA - Iliria News Agency) 174 . Инаку, државната новинска агенција

МИА, сите свои услуги ги нуди и на албански јазик 175 .

2.5 Мерки за олеснување на пристапот

Застапеноста на претставниците на етничките и јазични заедници во

регулаторното тело во голема мера придонесува за развивање на соодветна политика

која е насочена кон задоволување на потребите и интересите на заедниците во

радиодифузијата. Ова право им е гарантирано на припадниците на етничките заедници

и со Уставот и со Законот за радиодифузната дејност. 176 Во практиката досега редовно

се обезбедувала соодветна застапеност за припадниците на најголемата немнозинска

заедница (Албанците), додека за помалите заедници (Турците, Ромите, Власите, Србите

и Бошњаците) тоа се случуваше повеќе инцидентно 177 .

Друг начин за олеснување на пристапот е проактивната консултација на

регулаторното тело со претставниците на етничките заедници. Идејата за проактивен

процес на јавни консултации значи дека институциите треба да настојуваат максимално

да го поттикнат учеството на различните групи и заедници во креирањето на

политиката. Законот го обврзува Советот за радиодифузија да работи јавно, да

172

Во Македонија не може да се најдат податоци за тиражите на дневните весници, ниту пак постои истражувачка

агенција која собира вакви податоци. Според одделни процени, добиени од разговори со вработени во печатниците

или од самите медиуми, вкупниот тираж на сите дневни весници во Македонија се движи од 60.000 до 80.000.

173

Нивните веб страници се: http://almakos.com/ и http://portalb.mk/

174

Достапно на: http://ina-online.net/

175

Достапно на: http://www.mia.com.mk/default.aspx?lId=3

176

Членот 24 гласи: „Во составот на Советот за радиодифузија се обезбедува соодветна и правична застапеност на

граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.“

177

Ова може да се констатира од прегледот на сите досега избрани членови во составот на Советот за радиодифузија,

во периодот од 1997 до 2012 година.

265

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!