21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Жанровската анализа на прилозите посочува дека во анализираниот период

програмата на бошњачки јазик емитувала исклучиво жанрови кои се кратки и немаат

аналитичка тежина - во информативниот блок доминираат агенциски вести од светот и

од регионот. Од 119 прилози колку што беа вкупно објавени, 53% се вести, 45% се

извештаи. Од 31 прилог кој се однесува на Македонија, пак, 16 се вести, 14 се извештаи

и има едно соопштение. Целосното отсуство на аналитички жанрови, дури и кај

производите кои се однесуваат на Македонија, сугерира дека оваа редакција

практикува реактивно новинарство - односно трансферира ставови од политиката или

други центри на моќ без да влезе во сопствена анализа и поврзување на појавите.

Додека за производството на сложени анализи или репортажи е потребна значителна

техничка поддршка - нешто што бошњачката редакција го нема, сепак не може да се

најде валидно образложение зошто во програмата не се застапени барем интервјуа (во

живо или снимени)?

Жанр на прилогот Број на прилози %

Вест/проширена вест 16 51.61

Извештај 14 45.16

Соопштение 1 3.23

Вкупно 31 100

Податоците за авторството ја дополнуваат сликата за тоа дека оваа редакција

недоволно продуцира сопствени информации релевантни за домашните случувања, но

и сугерира дека голем дел од овие објави отпаѓа на производи кои се преземени од

новински агенции (во случајот на МТВ тоа е најчесто државната агенција МИА).

Од аспект на поводот за емитуваните објави анализата на прилозите за

домашните настани покажа дека близу половината се за актуелни настани, но фактот

што и овие прилози се во најголем дел агенциски вести, јасно упатува на заклучокот

дека оваа редакција нема потенцијал самата да иницира и обработува актуелни теми

важни за заедницата за која наменета програмата. Се покажа, исто така, дека една

третина од и онака малата продукција на бошњачката редакција се псевдо-настани -

односно пресконференции, активности на органи на власта, протоколарни посети и

состаноци на претставници на власта во странски земји и слични типови настани.

Повод за прилогот Број на прилози %

Актуелен настан 15 48.74

Актуелен настан како реакција 4 12.90

Изјава 1 3.23

Медиумски иницирана изјава 1 3.23

Псеудо настан 10 32.26

Вкупно 31 100

И кај вестите на бошњачки јазик се воочени прекршувања на професионалните

стандарди во однос на употребата на изворите. Ова прекршување е највидливо ако го

споредиме степенот на консултирање на изворите во целокупната продукција, со

степенот на консултирање само во продукцијата на прилози за домашни теми. Имено,

во сите емитувани прилози, 70% имаат само еден извор, 17% два извора, а

преостанатите 13% три или повеќе извори. Но, во вестите кои конкретно се однесуваат

на Македонија, се гледа дека во 19 случаи (61%) е консултиран само еден извор, а во

останатите случаи се консултирани два или повеќе. Оваа тенденција, особено кога

станува збор за објавите за Македонија, сугерира голем степен на кршење на

професионалните стандарди.

290

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!