21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

од албанското знаме и држава; актуелните меѓуетнички тензии особено оние што во

Македонија се случија во првата половина на 2012 година; и темите поврзани со

спроведувањето на Рамковниот договор од 2011 година како правичната застапеност на

Албанците во институциите на централната и локалната власт, употребата на

албанскиот јазик итн. Ова остава впечаток на изразен етно-центризам во известувањето

на оваа редакција. Во услови на така наречена етно-политика која е доминантна во

државата и која го колонизира општеството медиумите (комерцијалните медиуми не се

исклучок) треба да понудат теми кои ќе ги поврзуваат индивидуите од различните

заедници. Етноцентризмот ги вкопува колективистичките позиции и не остава простор

за општествена соработка меѓу заедниците.

4) Ефектите од регулацијата – квалитет или само квантитет?

Иако показателите покажуваат дека во медиумскиот сектор во Македонија има

голем број медиуми на јазиците на етничките заедници, сепак треба да се нагласи дека

станува збор повеќе за квантитет во медиумскиот плурализам, отколку за квалитет и

разновидност на програмите што ги нудат овие медиуми. Податоците за форматот и

структурата на програмата на одделните радиодифузери покажуваат дека Советот не го

користел ефикасно системот за доделување дозволи за да создаде пејсаж од

разновидни, квалитетни и независни медиуми кои ќе им служат на граѓаните, што

всушност е неговата основна мисија. Имено, најголем дел од комерцијалните телевизии

и радија немаат информативни програми и доминантно емитуваат забавни емисии и

музика. На пример, од 19 телевизиски станици на јазиците на немнозиснките заедници,

12 се претежно со забавен општ формат, 6 се од општ формат со сите три медиумски

функции, а само една е со претежно информативен општ формат 233 .

Големиот притисок од пазарот и енормната конкуренција влијаеја особено

негативно врз квалитетот на програмските содржини на комерцијалните медиуми на регионално

и на локално ниво. Претежно се емитуваат забавни програми од ниска

продукциска вредност, а многу мал обем на информативни содржини кои би ги

покривале случувањата на регионално, или на локално ниво. Главната причина за ова е

фактот што Советот во изминатите години постојано „отвораше“ простор за нови

дозволи, создавајќи медиумски пазар кој е премногу раситнет, со голем број медиуми

кои не можат да се развиваат професионално и да понудат квалитет бидејќи немаат

доволно пари од огласување или од други извори. „Колку тие медиуми успеваат со

нивната продукција и капацитети да ја реализираат таа јавна мисија кон публиката,...

тоа е многу условено од економската база и нивните финансиски можности, но од

страна на Советот медиумите не само што биле заштитени туку тој бил многу

либерален кон нив, воопшто немале никакви ограничувања..., ако им е укажувано

нешто тоа било главно во поглед на нивните обврски кон публиката..., а ако некој

медиум се затворил, тоа било само поради неплаќање финансиски обврски кон

дозволата“ 234 .

Дури и тешко може да се зборува за водење на осмислена регулаторна политика

во радиодифузијата, иако во 2007 година беше усвоена Стратегија за развој на дејноста

233

Овие податоци се извлечени од прегледот на ТВ станиците објавен на Веб страницата на Советот за

радиодифузија од 31.10.2012 година.

http://www.srd.org.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=38&Itemid=27&lang=mk

234

Интервју со Миљаим Фетаи, заменик претседател на Советот за радиодифузија, реализирано на 12 ноември 2012

година.

317

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!