21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

радиодифузни сервиси како и сите компании се организирани хиерархиски, бидејќи

има извршен директор... Таму мора да функционираат програмски колегиуми во

радиото и во телевизијата и на ниво на целиот јавен сервис во кои што ќе

партиципираат уредниците на сите програми вклучувајќи ги и уредниците на

програмите на етничките заедници. Ако тоа не се остварува, тогаш не може да се

говори за кохерентна уредувачка политика на јавниот сервис и тоа всушност би бил

сериозен чекор назад...“ 231

Недостатоците во законските одредби во поглед на организациската поставеност

на јавниот сервис се всушност уште една дополнителна причина за влијанието на

политиката „...која благодарејќи на ваквите недоречености стана моќна алатка во

рацете на политичарите, така што, во даден момент, оваа гетоизација сега веќе не е на

ниво на заедница туку е на ниво на политичка партија...“ 232 . Ова натаму беше потврдено

и во интервјуата со новинарите и уредниците на различните редакции на јавниот сервис

кои велат дека врз нив се врши политички притисок и цензура која доаѓа од

политичките партии на конкретните етнички заедници што упатува на заклучокот дека

и кај јавниот сервис како и во поширокото општество владее култура на политички

клиентелизам. Во овој случај, политичко-медиумскиот клиентелизам има и етничка

позадина и негова најочигледна манифестација се цензурата и автоцензурата. Етнополитичката

цензура значи дека секоја од редакциите „трпи влијание од ‘своите’

политички партии.“ Еден од интервјуираните во оваа смисла вели: „Секогаш ја има

цензурата, скриена или отворена - со сугестии или ветувања. Имало обиди за цензура и

врз мене. И обиди има од условно речено „сопствените“. Најголемиот број новинари не

сакаат да се конфронтираат со уредниците затоа што тоа може да им се одрази на

напредувањето во кариерата... уредниците имаат сопствени луѓе кои ги прават

највалканите работи, каде што треба да се прави чиста пропаганда која ќе биде

тупаница против опозицијата. Еден дел кои не се такви, ама знаат дека се подложни на

автоцензура одат на помалку важни настани“.

Овој проблем не е карактеристичен само за редакциите на немнозинските

заедници туку е карактеристика на голем дел од новинарството во Македонија. Сепак,

во овој случај клиентелизмот добива етнички карактер и отвора можност за лесна етнополитичка

манипулација. Иако дел од интервјуираните новинари одрекуваат дека во

МРТ има политичко-цензорско влијание и дека содржините поради тоа се

необјективни, сепак поголем дел од нив велат дека или врз нив се правени обиди за

цензура или пак дека биле сведоци на таков тип влијанија кај свои колеги.

3) Комерцијални медиуми

Од анализата на вестите на албански јазик на Алсат М произлегуваат неколку

специфични согледувања кои не се повторуваат и кај другите медиуми што се предмет

на оваа анализа. Кај Алсат М се препознава позитивен тренд на продукција на прилози

кои се однесуваат на теми од општ интерес (70%) што ги засегаат сите граѓани на

Македонија. Покрај ова, се забележува и позитивна тенденција во бројот на прилози

(20%) поврзани со теми што ја засегнуваат само сопствената етничка заедница, како и

во бројот на прилози (6,6%) за теми кои се однесуваат и на мнозинската и со

сопствената заедница. Позитивен е и податокот дека 33% од изворите во вестите на

231 Интервју со д-р Љубомир Јакимовски, поранешен Генерален директор на МРТ и поранешен претседател на

Советот за радиодифузија, реализирано на 14 ноември 2012 година.

232 Интервју со Слободан Чашуле, новинар и Претседател на Советот на МРТ, реализирано на 20 ноември 2012

година.

314

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!