21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Повод за прилогот Број на прилози %

Актуелен настан 65 46.10

Актуелен настан како реакција 9 6.38

Друго 2 1.42

Изјава 16 11.35

Медиумски иницирана изјава 4 2.84

Псеудо настан 45 31.91

Вкупно 141 100.00%

Анализата на поводот за објавување на информациите директно поврзани со

Македонија, покажа дека 46% од објавите се известувања за актуелен настан, речиси

32% се таканаречени псевдо-настани, односно пресконференции и други типови на

еднонасочна комуникација на политичарите со јавноста, 11.35% се изјави и 6.38% се

актуелни настани како реакција. Оваа распределба покажува задоволителен процент на

објавување актуелни настани, но открива и дека псевдо-настаните одземаат речиси

третина од вкупната продукција на вести кои се однесуваат на Македонија. Псевдонастаните

се всушност инсценирани претежно од политичарите во кои тие пред

јавноста објавуваат некаква агенда која не е нужно поврзана со некој реален нов настан.

Последниве години, во медиумите во Македонија е честа појава објавувањето вести за

ваквиот тип прес-конференции во кои претставници на политичките партии се

обвинуваат меѓусебно, честопати без сериозни аргументи. Медиумите во таа насока се

претворија во „носачи“ на таквите информации. Четвртина од објавите на албанската

редакција покажуваат дека таа не е исклучок од ваквата пракса. Исто така, индикативно

е што речиси 3% од објавите се медиумски иницирани изјави. Тоа може да значи дека

медиумот нема доволно содржини кои се покренати од медиумските професионалци -

со други зборови темите се иницираат од надвор, најчесто од некој центар на моќ.

Истражувањето ги следеше и консултираните извори во објавите, според

нивниот број, тип и позиција. Секоја од овие варијабли покажува сама по себе

статистички значајни нарушувања на професионалните стандарди кај сите редакции на

јавниот сервис, иако со различна динамика. Дополнително вкрстувањето на овие

варијабли зборува за доминацијата на политичарите како извор во објавите.

Број на извори Број на прилози %

Два 42 29.79

Еден 68 48.23

Повеќе од три извори 16 11.35

Три 15 10.64

Вкупно 141 100

Важен показател за почитувањето на професионалните стандарди во вестите на

албански јазик на МТВ2 е бројот на изворите. Во 68 објави (48%) е консултиран само

еден извор. Овие случаи го прекршуваат основниот професионален стандард на

консултирање најмалку два независни извора. Поставеноста на изворите покажува

силна тенденција кон еднострано известување. Во вкупно 73 објави (52%) се наведени

два или повеќе извори. Вкрстувањето на варијаблите „број“ и „тип“ на извори покажува

дека дури и во случаите каде што се консултирани два или повеќе извори тие бранат

идентичен став. Според тоа, 86.52% од објавите се извори со единствена позиција во

однос на прашањето за кое се известува. Само во 13 објави има спротивставена

позиција на изворите – објави во кои може да се тврди дека се работи за понуда на

поширок спектар на позиции за темата. Ова е индикатор дека во вестите на албански на

271

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!