21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

опфатена со овие 22 прилози, во текстов се дава преглед од на областа што ја

покриваат, жанрот, авторството и начинот на користење на изворите.

Тема / Област Број на прилози

Активности на органите на власта 1

Економија 3

Култура и културно уметнички друштва 11

Образование 2

Политика – внатрешна 3

Политика – надворешна 2

Вкупно 22

Од вкупно 22 информативни прилози, 10 се однесуваат на различни теми важни

за развојот на културата на Власите во Македонија: одбележување на националниот

ден на Власите, подготовки за влашкиот фестивал, старите имиња и презимиња на

Власите, влашка вечер во Битола, промоција на книга за тоа кои и од каде се Власите во

Македонија, промоција на книга за влашкиот јазик, свечена академија по повод на

денот на Власите, средба на делегација на Власите со претседателот на Собранието и

сл.

Два прилога се однесуваат и „на сопствената и на мнозинската заедница“: еден е

од областа на образованието - спроведување мултикултурен проект во училиштата, а

еден е од културата - делото на браќата Манаки предмет на дебата на Манакиевите

средби во Битола.

Другите 10 прилози се фокусираат на „теми од општ интерес“ за сите граѓани во

Македонија, а ги покриваат следниве области: внатрешна и надворешна политика

(куси прегледи на најважни политички настани), економија (субвенции за земјоделците,

производство на нови вина, производството на масло за јадење), образование (Саем за

образование и кариера) и активности на власта (проект на Владата).

Според квантитетот на објавите, и влашката редакција не ја остварува својата

информативна функција. Квантитетот е и причината зошто од наодите не може да се

откријат многу детали за типот на информативни теми кои се објавуваат. Сепак, според

дел од објаснувањата дадени во спроведените интервјуа „... на почетокот има

информации за тоа, на пример, какви активности има Владата, Собранието,

претседателот на државата, министерствата, информации за донации, субвенции и

проекти, некои нови проекти... и потоа правиме прилози, на пример, со некои од

земјоделците, разговор колку тие субвенции им помагаат, кои се нивните пораки до

Владата“ 207 . Ова сугерира дека голем дел од и онака малата информативна програма му

се посветува на промоција на она што го прави владата. Овде, како и кај другите

редакции, отсуствува гласот на либералниот дел од цивилното општество. Освен тоа,

влашката редакција не отвора теми кои се „табу“ во сопствената етничка група.

Жанр на прилогот Број на прилози %

Вест/проширена вест 5 22.73

Извештај 4 18.18

207 Интервју реализирано со новинарка во редакцијата на влашки јазик реализирано на 11 јули 2012 година.

284

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!