21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

каде плурализмот, разновидноста, квалитетот на програмите, но и рационализацијата

на пазарот беа јасно дефинирани како цели. И по усвојувањето на Стратегијата, пазарот

беше дополнително згуснат со уште 16 телевизии на државно ниво за емитување

програма преку сателит и многу нови дозволи за терестријално емитување телевизија и

радио на локално ниво. Иако, аргументот за доделување на овие дозволи за Советот

секогаш бил „збогатувањето на плурализмот и разновидноста“, нерационалното

зголемување на бројот на субјекти направи голема штета не само во телевизискиот туку

и во секторот на радиото и на печатените медиуми. Сето ова, во крајна линија,

придонесе медиумите да мораат да преживуваат на пазарот, без никакви вложувања во

професионализација, квалитет, нова домашна продукција или технолошки развој. Со

текот на годините се создаде опкружување во кое медиумите станаа уште поранливи на

политички притисоци, сопствениците незаинтересирани за вложување во бизнисот,

новинарите слабо платени, а содржините и програмите комерцијализирани или

политизирани.

Слични заклучоци можат да се извлечат и за состојбата во печатените медиуми на

етничките заедници. Тие се економски слаби не само поради фрагментираноста на

пазарот и незаинтересираноста на огласувачите за медиумите на регионално и локално

ниво, туку и поради силното влијание на политичките партии и поврзаноста на дел од

сопствениците со политиката. Најголем дел од приватните медиуми на јазиците на

немнозинските заедници беа создадени од новинари кои не поседуваа други бизниси со

кои би се помогнала финансиската кондиција на медиумот. Меѓународната помош и

бројните странските донации во текот на 1990-тите се чини не ги искористија

ефективно за да ги направат силни своите медиуми и покрај неповолното пазарно

опкружување. Нивната слаба економска состојба ги направи ранливи на политички

влијанија. На пример, најголеми финансиери на медиумите на албанската заедницата

беа политичките партии кои „...ги „одржуваа“ во живот или со директни финансиски

интервенции од партијата, или преку давање налог до бизнисмени блиски на партијата,

да се рекламираат во медиумот.“ 235

Дури и полоша е економската состојба на медиумите на другите

„помали“ етнички заедници. Фрагментираниот пазар и незаинтересираноста на

огласувачите особено ги погодија локалните комерцијални медиуми на ромски, турски,

српски и влашки јазик. Двете ТВ станици на ромски јазик од подрачјето на Скопје, веќе

неколку години се соочуваат со големи финансиски проблеми во работењето,

првенствено поради недостиг од средства од реклами. До 2005 година, голем дел од

медиумите на заедниците успеваа да се одржат на пазарот благодарение на

финансиската поддршка добиена преку фондот за финансирање програми од јавен

интерес, но по укинувањето на овој фонд тие беа принудени да се соочат со тешките

услови на пазарот. Ако денес, кај медиумите на албанската заедница ситуацијата е

нешто подобра во поглед на состојбата на пазарот, другите медиуми на етничките

заедници го немаат истиот комодитет. Некои од помалите заедници кои имаат програма

на својот јазик во јавниот сервис, воопшто и немаат свој комерцијален медиум (влашки,

српски).

Најголем дел од соговорниците во интервјуата ја потврдуваат констатацијата

дека регулаторното тело во радиодифузијата има голем дел од одговорноста за

раситнувањето на пазарот и за толерирањето на влијанијата на сопствениците,

политичарите и економските центри на моќ врз уредувачката политика на

235 Состојбата со медиумите на јазиците на заедниците во Република Македонија, Скопје: Македонски институт за

медиуми, стр.20. Достапно на: http://www.mim.org.mk/

318

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!