21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

признатите граници; и рушењето на дел од Џамијата „Мустафа Челеби“ во Струга.

Поголемиот број (12) од прилозите што се неутрални во поглед на вредноста на

содржината се однесуваат на теми и прашања кои ја засегнуваат турската заедница во

Македонија.

Програма на ромски јазик

Програмата на ромски јазик на Македонската телевизија е воведена уште во

1991 година. Се емитува три пати неделно во вторник, четврток и сабота во блок со

наслов „Бјандипе“ кој трае половина час и се емитува од 15:00 до 15:30 часот. Вести не

се емитуваат редовно, а ни самата емисија нема постојана програмска структура, така

што не се знае кога се емитуваат информации, а кога други содржини 199 . Во периодот

од февруари до септември се идентификувани само пет емисии во кои имало

новинарски производи 200 . Во сите изданија веднаш после краткиот информативен блок

од 10-15 минути има блок во кој се пушта музика. Причините за ова се во тоа што

редакцијата се соочува со голем недостаток на кадар и технички средства за

реализација на своите обврски во рамките на јавниот сервис. Во времето на анализата

имаше само еден вработен новинар, сиромашни технички ресурси на располагање,

поради што производството на вести и разновидна програма е оневозможено.

Во саботниот термин планиран за емитување на „Бјандипе“ во периодот опфатен

со истражувањето се емитуваше информативната емисија „Време на Ромите“ која е

продукција на приватната телевизија од Скопје БТР. Ваква пракса е невообичаена за

јавниот сервис, да се јави во улога на емитувач на информативна програма

продуцирана од комерцијален радиодифузер, наместо самиот да информира за овие

прашања и теми. Во отсуство на вакви содржини продуцирани од јавниот сервис,

емисијата „Време на Ромите“, пополнува важна празнина за повеќе теми мошне

релевантни за животот на Ромите во Македонија: зошто кај Ромите се почесто

присутни некои видови хронични болести; проблемите на здравственото осигурување

на Ромите; акција за вакцинирање на децата Роми од Штип; курсеви за подготовка на

Роми за упис на медицински студии; проект на УНИЦЕФ за дополнителна настава за

ромските деца со цел да се подобри нивниот успех во образованието; комуналните

проблеми на Ромите од Штип и од општина Зелениково; амбасадата на Норвешка

поддржа бесплатни обуки за едукација на млади Роми за занаети.

Во петте емитувани информативни емисии „Бјандипе“ беа регистрирани само 34

прилози. Ова само по себе говори за тоа во која мера јавниот сервис ја запоставил

својата програмска обврска да ги задоволува информативните потреби на помалите

етнички заедници: „ Кога би имало повеќе повеќе луѓе да работат во редакцијата на

ромски јазик, сигурно ќе се прошири и бројноста на емисиите, би имале дебатни

емисии, би имале политички емисии, би ги имале сите сектори со своја емисија...

меѓутоа ако се прошират емисиите и ако се прошири број на луѓе тогаш секој би

требало да има своја камера.“ 201

199 Новинарката вработена во Програмата на ромски јазик, во интервјуто вели дека бидејќи е сама во редакцијата,

гледа „во вторник да оди информативна емисија, во четврток музичка, а во сабота документарна„ Реализирано на 20

јуни 2012 година.

200 Петте програмски блока во кои редакцијата емитувала информации се од следните датуми: 27 март, 10 април, 15

мај, 19 јуни и 10 јули. Во февруари (на датумот прецизиран со истражувањето, во август и во септември воопшто не

се емитувани информации во рамки на „Бјандипе“, туку само музика или репризи од претходни емисии.

201 Интервју со новинарка вработена во редакцијата на ромски јазик, реализирано на 20 јуни 2012 година.

280

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!