21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Варијаблата „Тип на извори“ покажува неколку тенденции: прво, постои

прецизно именување на изворите – во 25 има персонализирани извори; второ, изворите

кои доаѓаат од политиката (персонализирани и деперсоналиизрани) се доминантни (31).

Овој податок, како и кај другите редакции е индикатор дека политичарите имаат

примарно место во информирањето на ромската редакција. Притоа, во најголем број

случаи станува збор всушност за владини извори што укажува на таков уредувачки

пристап. Ова во интервјуата беше потврдено со прашањето за тоа како при селекцијата

на вестите се одлучува кои вести се важни за објавување: „ Државниот врв, мислам тоа

што се случува на ниво на држава е важно и актуелно. Оти во 5 минути не можеш

повеќе од десетина вести по триесетина секунди.“ 203

Тема Број на прилози

Активности на органите на власта 5

Економија 7

Култура 5

Културно уметнички друштва 1

Образование 4

Политика – внатрешна 3

Политика – надворешна 3

Религија 1

Социјална прашања 4

Човекови и малцински права 1

Вкупно 34

Анализата покажа дека кога станува збор за објавените теми има разновидност,

но од неа не можат да се донесат многу заклучоци поради малиот примерок. Интересно

толкување може да произлезе од отсуството на објави за определени теми.

Категоријата „Човекови и малцински права“ во која ромската редакција има само еден

прилог открива дека воопшто не се допираат темите кои се однесуваат на правата на

членовите на оваа заедница. Ова е особено важно ако се има предвид дека се уште е

актуелна европска иницијатива „Декадата на Ромите“ која требаше да ги ублажи

последиците од систематската дискриминација и да ја подобри социо-економската

позиција на Ромите во европските земји.

Темата се однесува на Број на прилози

И на сопствената и на мнозинската заедница 1

Сопствената заедница 13

Тема од општ интерес 20

Вкупно 34

На што се однесуваат емитуваните информативни прилози во „Бјандипе, во

селектираните пет емисии? Најголем дел (20) се за т.н. „теми од општ интерес“ што

доминантно се однесуваат на активности на претставниците на власта. Самиот преглед

на емитуваните прилози објаснува дека уредувачката ориентација на редакцијата е во

информативниот дел да ги претставува „најважните“ активности на државниот врв. Од

друга страна, и прилозите кои се однесуваат на сопствената (ромската) заедница не

секогаш се ориентирани кон критичко отворање на проблемите и причините поради

кои социо-економската состојбата на Ромите во Македонија е се уште тешка. Дури и

203 Ibidem.

282

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!