21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

што има десет илјади Бошњаци. Да известам како живеат тие луѓе и како ја развиваат

културата. Во Босна, во Сараево не сум била [службено]“ 213 .

Во периодот од февруари до септември, кога е реализирано истражувањето,

анализирани се вкупно 8 емисии во кои се емитувани вкупно 119 информативни

прилози.

Податоците за темата на која се однесуваат прилозите, кај бошњачката

информативна програма сугерираат дека редакцијата малку известува за домашни

настани и теми, односно за прашањата кои се однесуваат на бошњачката заедница во

Македонија. Имено, дури 74% од вкупно 119 регистрирани прилози се однесуваат или

на настани од светот или пак на настани од непосредниот регион. 42% од објавите се

содржини кои се однесуваат на непосредниот регион, и тоа настани релевантни за

Босна и Херцеговина. Ова сугерира дека редакцијата на БиХ гледа како на

„матична“ држава за која предимно треба да се известува – таквиот став на редакцијата

за водење „дијаспорска“ уредувачка политика не соодветствува на јавен сервис кој

треба да известува првенствено за животните прашања што ги засегнуваат Бошњаците

во Македонија, како држава во која треба да се остваруваат нивните права. Само во 31

прилог (26,05%) се известува за домашни случувања.

Тема / Област Број на прилози %

Активности на органите на власта 4 3.36

Економија 4 3.36

Квалитет на секојдневен живот 2 1.68

Настани од регионот 50 42.2

Настани од светот 38 31.93

Образование 3 2.52

Политика – внатрешна 2 1.68

Политика – надворешна 16 13.45

Вкупно 119 100

Во натамошната анализа фокусот е ставен само на прилозите кои се однесуваат

на домашни настани, за да се утврди во колкав обем и како редакцијата известувала за

прашањата поврзани со етничките заедници во земјава. Во овој контекст, категоријата

„На што се однесува темата“ фрла дополнително светло врз малиот интерес на оваа

редакција за темите кои се однесуваат на бошњачката заедница во Македонија. Од

вкупната продукција на теми кои се однесуваат на политичкиот и општествениот живот

во Македонија (31 прилог), дури 29 прилози се за теми од општ интерес во кои

доминира политиката (надворешна и внатрешна), економијата и активностите на

власта. Во целиот селектиран период беше регистрирана само една објава која се

однесува директно на бошњачката заедница и една објава која се однесува и на

бошњачката и на мнозинската заедница.

Темата се однесува на Број на прилози %

И на сопствената и на мнозинската

заедница 1 3.23

Сопствената заедница 1 3.23

Тема од општ интерес 29 93.54

Вкупно 31 100.00

213 Интервју со новинар во редакцијата на бошњачки јазик на МТВ2, реализирано на 23 јуни 2012 година.

289

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!