21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

или во 7% од вестите за домашните настани. На крај, треба да се нотира и идентичната

тенденција присутна кај сите редакции на јавната телевизија –исчезнувањето на

аналитичкиот пристап и длабинското известување за општествените и политичките

феномени. Новинарите, освен едноставно трансферирање на информациите од

политичарите и власта, немаат никаква друга улога во процесот на информирање на

граѓаните.

Кај дневниот весник на албански јазик Коха се забележуваат извесни

специфики што произлегуваат од карактерот на печатениот медиум. Тој продуцира

огромен обем на информативни содржини за најразлични теми и прашања. Домашните

теми се присутни во половината објавени текстови (51,76%), а другата половина се

настани од светот (32%) и од регионот (16%). Како и кај другите медиуми на албански

јазик, и кај Коха се гледа голем интерес за она што се случува во подрачјата во

регионот каде живеат етничките Албанци – Косово и Албанија. Во известувањето за

домашните настани се забележува поголема жанровската разноликост одошто кај

телевизиите. Иако и овде доминираат кратките и неаналитички жанрови – веста и

извештајот (75%), сепак во 15% од текстовите произвел содржина која е аналитичка и

каде општествените проблеми може да ги третира на подлабоко ниво. Но,

задржувањето на праксата да се негуваат претежно неаналитичките жанрови е погубно

од гледна точка на опстанокот на печатените медиуми. И Коха и другите весници во

Македонија денес мораат да понуди многу повеќе аналитичка и репортажна содржина

ако сакаат да останат конкурентни со другите типови медиуми. Позитивен показател за

Коха е и големиот обем прилози кои се потпишани од авторот (49,34%), иако не е мал и

бројот на прилози во кои не е наведен авторот (28,73%). Потпишувањето на текстовите

во печатените медиуми не мора да е професионален стандард - но секој медиум треба

да е конзистентен доколку се определи за ваква пракса, затоа што непотпишаниот текст

може да се толкува како информација која не се базира на вистина.

Како и за другите анализирани медиуми, и за Коха може да се каже дека е

повеќе реципиент на туѓа агенда, бидејќи за една третина од текстовите (32%) поводот

бил псевдо-настан или изјава дадена од изворот. Генералниот проблем на

новинарството во Македонија – едностраното известување е присутно и кај овој дневен

весник. Доминираат текстовите во кои е консултиран само еден извор (57%), а на ова

треба да се додаде и фактот што во дури 87% од анализираните текстови изворите

бранат иста позиција.

Во известувањето за домашните теми, Коха има најголем интерес за позицијата

на сопствената заедница – повеќе од една четвртина од текстовите се однесуваат само

на албанската заедница, само еден текст се однесува на мнозинската, а само два на

друга етничка заедница. Доминацијата на „темите од општ интерес“ (61,40%) кај Коха е

само навидум интерес за теми што ги засегаат сите граѓани на државата без оглед на

етничката припадност. Внимателната квалитативна анализа на овие прилози покажува

дека тоа се теми поврзани најчесто со внатрешната политика (10,22%), активностите на

власта (5,33%) и спортот (6,24%), но тие теми се однесуваат на субјекти од албанската

заедница, како и за агол на гледање кој е етно партикуларен. Дури и кога станува збор

за теми од областа на социјалната политика или образованието тие како општи

граѓански прашања се отвораат за подрачјата каде албанското население е мнозинство

(Тетово, Гостивар, општини во Скопје и Куманово и тн.). Ова согледување особено е

поткрепено со квалитативната анализа на контекстот на известувањето во текстовите за

сопствената заедница. Од 59 текстови во кои контекстот на известување е позитивен,

53 се однесуваат на албанската заедница. Станува збор за текстови кои се главно

поврзани со следниве теми: прашања од историско значење за Албанците во

Македонија и регионот во кои доминантна тема беше прославата на 100-годишнината

316

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!