21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

припадници на етничките заедници. Покрај тоа, со Законот од 1997 година за прв пат

беше воведена можност за формирање радиодифузни медиуми во приватна сопственост

врз основа на доделена концесија 167 кои можеа да емитуваат и програми на јазиците на

немнозинските заедници. За одбележување е што овој законски текст содржеше и

одредби за финансиска стимулација за продукција на радио и ТВ програми како на

македонски така и на јазиците на заедниците. Имплементацијата на овие одредби

подоцна покажа дека постоењето на една ваква стимулативна мерка значајно

придонесе за негување на плурализмот и јазичната разноликост на содржините,

особено поради фактот што приватните медиуми на малобројните етнички задници

потешко успеваа да опстанат на пазарот.

Решенијата вградени во новиот Закон за радиодифузната дејност од 2005 година,

се логично надоврзување на претходната правна рамка за гарантирање на правата на

немнозинските заедници во радиодифузијата. Во законот се јасно дефинирани целите

на регулацијата (член 2): „... слобода на изразувањето во радиодифузната дејност ...,

заштита на интересите на корисниците, поттикнување, унапредување и заштита на

културниот идентитет, образовниот и научниот развој, поттикнување на развој на

творештвото, јазикот и традициите...“. Во принципите врз кои се темелат програмите,

меѓу другите, спаѓаат и: поттикнување на духот на толеранцијата, заемното

почитување и разбирање меѓу индивидуите од различно етничко и културно потекло,

отвореност на програмите за изразување на различните култури ..., зачувување и

негување на националниот идентитет, јазичната култура и домашното творештво и др.

(член 68).

Со членот 82 се гарантира правото на емитување програми на различните

јазици: „Радиодифузерите ја емитуваат програмата на македонски јазик, а во случаите

кога програмата е наменета за заедница која не е во мнозинство на јазикот на таа

заедница.“ Заштитата на јазичната разноликост се обезбедува и со одредбите за

титлувањето на програмите (член 83), на преводот на рекламите и телешопинг

спотовите (член 104) и на најавите за програмите на странски јазици што не се преведуваат

(член 83) - сите тие треба да бидат емитувани на јазикот на заедницата за која е

наменета програмата.

Македонската радиотелевизија, како јавен сервис, има најголеми обврски во

негувањето на јазичната разноликост и културниот идентитет на немнозинските

заедници. Имено, МРТ е обврзана (член 117) да емитува по еден програмски сервис на

телевизијата и на радиото со програми на јазиците на етничките заедници. Вакви

програми МРТ е должна да емитува и преку сателит, со цел етничките заедници од

дијаспората да се информираат за настаните во земјата. Покрај тоа, МРТ е обврзана

дневно да емитува најмалку 40 отсто програма изворно произведена на јазиците на

немнозинските заедници и најмалку 45 отсто вокално-инструментална музика на тие

јазици (член 124). Приватните телевизии и радија, пак, доколку добиле дозвола за

емитување програма наменета за припадниците на некоја етничка заедница, имаат

право и обврска програмата целосно да ја емитуваат на јазикот на таа заедница (член

82). Натаму, тие се обврзани да емитуваат најмалку 30 отсто програма (во еден ден)

изворно создадена на конкретниот јазик и најмалку 30 отсто вокално - инструментална

музика на тој јазик (член 74).

Првиот стратегиски документ во кој сеопфатно се утврдени целите на

регулаторната политика во поглед на заштитата на јазичниот и културниот плурализам

во радиодифузијата е Стратегијата за развој на радиодифузната дејност усвоена од

167 Законот за радиодифузната дејност од 1997 година предвидуваше концесии, наместо дозволи за радиодифузна

дејност, што беше еден од неговите главни недостатоци бидејќи формалната одлука за доделување концесија ја

донесуваше Владата.

261

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!