21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

II. МЕДИУМСКИОТ СИСТЕМ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОЗИЦИЈАТА НА

ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ

2. Општествен и политички контекст

Република Македонија, како самостојна, суверена и независна држава е

конституирана со Декларацијата на Собранието на Социјалистичка република

Македонија од 15 јануари 1991 година и потврдена со референдумот за самостојност и

независност од 8 септември 1991 година. Таа е парламентарна демократија,

воспоставена со Уставот од 1991 година кој ги поставува основните принципи на

демократијата и ги гарантира основните слободи и права на граѓанинот. Уште во

Уставот од 1991 на припадниците на етничките заедници (тогаш национални

малцинства) им беа гарантирани правата на изразување, негување и развивање на

етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет и правото да основаат

културни, уметнички, образовни институции, научни и други здруженија заради

изразување, негување и развивање на својот идентитет. Исто така, етничките заедници

со Уставот добија и право на основање свои политички партии, и да учествуваат на

слободни и независни избори со цел рамноправно да партиципираат во власта.

Во 2001 година доаѓа до конфликт помеѓу македонските безбедносни сили со

дел од албанската етничка заедница во Македонија организирана во вооружени групи.

Научната мисла сè уште нема единствено објаснување за причините поради кои се

случи овој конфликт, но доминантните аргументи на претставниците на албанската

заедница беа дека во периодот по 1991 година Албанците не ги добија целосно сите

права во сферата на политиката, образованието, културата и други области на

општествениот живот што ги имаа во рамки на поранешна социјалистичка Југославија.

Иако конфликтот не доби големи размери, сепак придонесе за голема стагнација на

државата во економски и политички поглед. Одредбите од т.н. Рамковен договор,

потпишан на 13 август 2001 година во Охрид, со присуство и на претставници од

меѓународната заедница, во најголема мера се донесуваат на проширувањето на

правата на албанската и на другите етнички заедници во Македонија во клучните

општествени сфери: политичката партиципација во централната и локалната власт,

употребата на албанскиот (и на другите јазици) во подрачјата каде албанската (или

друга) етничка заедница е мнозинство како втор официјален јазик, право на основање

јавен универзитет на албански јазик, како и проширување на правата албанската

заедница во јавниот сервис. Постепено, одредбите од Рамковниот договор беа

имплементирани во измените на Уставот на Република Македонија и во нејзиното

законодавство.

Во медиумската сфера, правата на албанската и на другите етнички заедници,

беа целосно гарантирани уште со Уставот од 1991 и со првиот Закон за радиодифузната

дејност од 1997, така што Рамковниот договор и уставните амандмани не донесоа

нешто битно ново во овој поглед. Медиумската слика стана разновидна уште во првите

години по либерализацијата на можноста за основање приватни медиуми, а во

Македонската радио-телевизија веќе функционираа програми на албански, турски и

ромски јазик.

3. Национална легислатива и нејзината примена во праксата

257

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!