21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

турски или на влашки јазик или ромски сеедно, Недостасува превод оти сите граѓани

плаќаат претплата“ 187

Вредност на новинарскиот став Број на прилози %

Негативна 6 4.26

Нејасен 1 0.71

Неутрална 47 33.33

Позитивна 87 61.70

Вкупно 141 100.00

Кога станува збор за новинарскиот став кон содржините, не се оценува

содржината на текстот туку само односот на новинарот кон субјектот или настанот за

кој се информира 188 . Анализата на прилозите за домашните настани покажа дека во

33% од објавените содржини во вестите на МТВ-албански ставот на новинарот кон

темата бил неутрален. Тоа значи дека самиот новинар во создавањето или уредувањето

на прилогот внимавал да не демонстрира видлив апологетски или негаторски став кон

темата или субјектот за кој известува. Но, овде е важно да се нагласи дека голем број од

прилозите оценети како неутрални се потпираат на користење само на еден извор, што

без оглед на неутралното користење на јазикот и другите аудио/визуелни елементи на

новинарско изразување, ги прави да се неурамнотежени односно пристрасни .

Анализата, исто така, покажа дека во 62% од прилозите е воочен позитивен

новинарски став кон темата/субјектот - што значи дека новинарот го глорификувал или

имал некритичка или фаворизирачка позиција во однос на субјектот или темата на

известување. Само во три отсто од објавите може да се забележи јасно видлив

негативен новинарски став - односно аргументите кои биле изнесени во прилогот не

биле целосно проверени информации, или биле користени јазични, аудиовизуелни и

други елементи со кои на темата/субјектот им се придава негативна конотација.

Вредност на

Број на прилози во кои се третираат

новинарскиот став

прашања релевантни за заедниците

Негативна 0

Неутрална 7

Позитивна 39

Вкупно 46

Со оглед на тоа што специфичната цел на истражувањето беше да се утврди не

само колку, туку и како се известува за темите релевантни за заедниците, предмет на

дополнителна квалитативна анализа во поглед на новинарскиот став беа само

прилозите кои се однесуваат директно на прашања што ги засегнуваат заедниците или

на нивните актуелни односи во земјата. Така, од вкупно 46 прилози во кои директно се

обработува ваква тема, 39 се со позитивен, а 7 со неутрален новинарски став. Речиси

сите прилози со позитивен новинарски став се однесуваат на сопствената заедница (38),

само еден се однесува и на сопствената и на мнозинската заедница. Станува збор за

187

Интервју со Весна Бабиќ Стефановска, директорка на Агенцијата за остварување на правата на заедниците,

реализирано на 19 јули 2012 година.

188

Определувањето на ставот на новинарот е сложена постапка, подложна на голем степен на субјективност и затоа

се изведува од повеќе показатели: од изборот на зборови и реченици, манипулативната употреба на слики, кадри,

звуци, употреба на тон на гласот со кој се дава саркастичен, предупредувачки, оптимистичен, патриотски или друг

агол на целиот прилог и др. Важно е да се нагласи дека во определувањето на неутралноста не беше земен предвид

бројот на извори на кои се потпира прилогот. Ваквото концептуално разграничување на категориите беше направено

за да можат да се извлечат јасни сознанија во поглед на користењето на изворите како стандард и користењето на

новинарскиот јазик и другите елементи за обликување на прилогот.

273

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!